„По 3 ќерки јас и понатаму се прашувам дали сум добар татко“: Пере од „Нокаут“ за предизвиците на татковството

Како се менуваше твојот однос со децата додека растеа? Станувавте другари или се оддалечувавте?

Како што веќе споменав, како што растеа така сакаа да бидат се посамостојни, но тоа не значи и пооддалечени.

Можеби не живееме заедно, но нашата блискост останала непроменета. Дури можам да кажам дека со Миа отидовме еден степен погоре и станавме и колеги и соработници.

Таа пее пратечки вокали на „Нокаут“, јас пеам на нејзини песни, постојано се советуваме еден со друг, некогаш и влегуваме во конфликт, но тоа е сосема здрава релација.

Каја моментално поминува низ најбурниот период од нејзиниот живот, тинејџерството, и мислам дека точно знаете што значи тоа.

Ужива во својот тинејџерски свет, во кој за среќа секогаш има место за тато.

po-3-kjerki-jas-i-ponatamu-se-prashuvam-dali-sum-dobar-tatko-pere-od-nokaut-za-predizvicite-na-tatkovstvoto-08.jpg

Со кого имаат децата поблизок однос, со тебе или со мајка им? Со кого ги делат тајните?

Тоа треба нив да ги прашате. Јас би рекол со мене, но верувам дека ако ја прашате нивната мајка, ќе рече со неа.

Претпоставувам дека со мене делат едни, а со неа други тајни, па така има некаков баланс.

po-3-kjerki-jas-i-ponatamu-se-prashuvam-dali-sum-dobar-tatko-pere-od-nokaut-za-predizvicite-na-tatkovstvoto-22.jpg

Дали некогаш со ќерките си зборувал за непријатни муабети или никогаш не сте разговарале на таа тема?

Израснат сум во семејство во кое немало табу теми. Сме разговарале на сите теми кои нè засегале мене и брат ми во одреден период од животот.

И јас сега како родител ги следам нивните стапки, затоа што сметам дека децата мора да добијат брифинг од дома за да знаат што да очекуваат.

Секако дека не можам да очекувам да го следат секој мој совет, но мое е да ги подготвам за животот и да им ја дадам вистинската насока.

Да ги научам да се ценат себеси, да знаат дека секогаш имаат право да кажат „не“ и дека никој не смее да им го одземе тоа право.

Но, тука сум и да ги соочам со реалноста дека не секогаш животот ќе биде нежен со нив.

po-3-kjerki-jas-i-ponatamu-se-prashuvam-dali-sum-dobar-tatko-pere-od-nokaut-za-predizvicite-na-tatkovstvoto-15.jpg

А да те вратам малку на училишните обврски? Имаше ли време да седнеш да учиш со децата, или никогаш не ти барале помош околу учењето?

Секогаш бев тука кога беше во прашање музичкото образование.

За останатите општи предмети секако дека сум пројавувал интерес и сум ги испрашувал по некоја лекција, што и ден денес го правам - до каде се со лекциите и материјалот што го учат.

Најчесто тоа во основно, Миа до осмолетка, Каја до деветолетка.

Потоа во средно веќе само ги насочував и сега ги насочувам во однос на тоа како да го впијат она знаење што најмногу ги интересира и за предметите за кои тие самите пројавуваат најголем интерес.

Миа годинава ќе дипломира на универзитетот „Еуропа Прима“ во класата на музичка продукција, а Каја е средно и учи во гимназијата „Никола Карев“.

po-3-kjerki-jas-i-ponatamu-se-prashuvam-dali-sum-dobar-tatko-pere-od-nokaut-za-predizvicite-na-tatkovstvoto-12.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg