Ива од Битола: „Како подарок за годишнина од брак решив мојот сопруг да го однесам на патување на Санторини“
Морската риба ја спремаат со некои необични состојки и зачини и е превкусна.
Мој совет и најтопла препорака доколку некогаш ви е во план да го посетите овој остров, кој важи за еден од најубавите во светот, тотално да ги избегните летните месеци, патувајте во април, мај и октомври, како придобивка добивате помалку турканици, подносливи температури и пониски цени на авионските карти.
Сместете се во Фира доколку сакате да го прошетате островот, бидејќи до која било точка да стигнете мора прво да стигнете во Фира. Доколку пак сте за одмор најдобро сместување би ви било во Периса и Камари на сама плажа.
И да не го заборавиме и активниот вулкан и термалните води кои не ги посетивме затоа што бевме четири дена и сакавме комотно да уживаме низ Санторини, оставивме и нешто за нареден пат што сигурно ќе се вратиме.“
Погледнете и како изгледа домот на Ива - На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото)
Повеќе фотографии од Ива и сопругот од Санторини:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело