Ива од Битола: „Како подарок за годишнина од брак решив мојот сопруг да го однесам на патување на Санторини“
Во Oia имаше претеран метеж и низ тесните улички не можеше ни да се разминеме, на фреквентните фотогенични ќошиња за сликање чекавме дури по 30 минути ред, но вредеше секоја минута. Не ни сакам да помислам што се случува овде во јули.
Организираноста на превозот низ островот е на високо ниво. Буквално можеш секаде низ островот да стигнеш преку Фира за 1.50 до 2.50 евра, од аеродром, пристаниште и сите градови, на секои 20-тина минути.
Негативна страна на Санторини и тоа што не ми се допадна е што угостителите ве гледаат како ќесе полно со пари и сакаат да го исцедат секое можно евро од вас.
Имаат доста лоши трикови и измами кон туристи пример: цените на надворешното мени од ресторанот и крајната сметка не се исти кажуваат дека тие цени се за носење, а не за седење во ресторанот, имаат различни мени со други цени за тоа од која земја доаѓаш.
Секаде е со резервации и ретко може да се најде слободно место.
Во кафулињата – snack барови пак не сакаат да те услужат претходно ако не им ја кажеш нарачката, ако сте само за кафе или обичен пијалак нема ни да ви дозволат да седнете макар и празно да им е кафулето.
Цените за овој период којшто бевме им се нормални како секаде низ грчките острови со повисока разлика во Oiа. Цена за кафе за носење е 4 евра, гиро 3.60, пиво 5, возење со жичница 6 евра, а на магаре 5.