Ива од Битола: „Како подарок за годишнина од брак решив мојот сопруг да го однесам на патување на Санторини“

„Санторини за мене е еден од најубавите острови во светот, но мора да ги споменам и маните. Во Oia имаше претеран метеж и низ тесните улички не можеше ни да се разминеме, на фреквентните фотогенични ќошиња за сликање чекавме дури по 30 минути ред, но вредеше секоја минута. Не ни сакам да помислам што се случува овде во јули...“, споделува Ива Крстевска Бакулев за есенското романтично патување со сопругот.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-01.jpg

Ива Крстевска Бакулев, магистер на правни науки, моментално судија – поротник при Апелациски суд Битола, одлучи да му приреди изненадување на сопругот и за годишнина од брак да организира романтично патување на Санторини.

Таа за CRNOBELO.com споделува како се одлучила на овој потег и ни открива впечатоци од патувањето:

„Како подарок за годишнината од брак одлучив мојот сопруг да го однесам на патувањето кое одамна на двајцата ни беше на bucket листата.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-24.jpg

За патувањето да биде уште поинтересно со нас беа и моите родители кои славеа 30 години брак.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-03.jpg

Картите ги имав резервирано уште од август месец преку авионската компанија „Volotea“, каде има ниски цени за летови доколку резервирате неколку месеци порано и цените почнуваат од 19 евра од правец со тргнување од Солун до главниот град Фира, лет кој трае 40/50 минути.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-15.jpg

Одлучивме да одиме во есен поради избегнување на високите температури и број еден факторот во Санторини којшто е предоминантен во шпиц месеците, а тоа е преголемите гужви и хаотичната атмосфера.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-11.jpg

Но, како и јас и другите се надевале на истото, па метежот не нè заобиколи особено во Oia – живописното село на белите цркви со сини куполи и прекрасното зајдисонце, кое е едно од најубавите места во светот за мене.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-09.jpg

Толку е магично и нереално што не можат тие глетки да се доловат преку видео записи. Гледањето како заоѓа сонцето во бескрајното синило со такви силни бои и сите тие хипнотизирани луѓе на кои отсјајот од сонцето им ги осветлуваше лицата со нежен блесок беше незаборавен.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-10.jpg

Гласниот аплауз кога сонцето паѓа во морето од страна на сите нас е нешто што го симболизира Санторини.

iva-od-bitola-kako-podarok-za-godishnina-od-brak-reshiv-mojot-soprug-da-go-odnesam-na-patuvanje-na-santorini-25.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg