Сања Коцева: „Во Валенсија после работа се оди на плажа, никој никогаш не брза никаде“

Што нуди Валенсија како забава?

Валенсија е град каде има по нешто за сечиј вкус. Посета на Oceanografic (Океанограф), City of Art and Sciences (Градот на уметноста) и една од најважните модерни, туристички атракции овде, посета на Biopark, каде имате можност за едно поинакво искуство со дивиот свет бидејќи во текот на посетата вие сте тие кои имате ограничено движење, а животните се на слобода.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-13.jpg

Потоа прошетки по прекрасните градини на Del Turia, посета на катедрали и секако најубавата летна активност - уживање на преубавите плажи што ги нуди Валенсија.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-16.jpg

Има ли добар ноќен живот?

Валенсија нуди богат ноќен живот. Журки покрај плажа, дискоклубови, коктел барови се само дел од ноќниот живот овде, но за да го почувствувате ноќниот живот не мора секогаш да ги посетувате овие места. Музиката и забавата е насекаде низ улиците.

Најчесто тоа се улични изведувачи (street performance) кои се многу чести таму по улици, плоштадите во стариот дел од градот, парковите. Дури и обична прошетка низ градот може да ви биде забавна покрај ваквата атмосфера што владее по улиците.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-17.jpg

Која е најубавата плажа во Валенсија?

Една од најголемите и најпосетените плажи во Валенсија е Playa de la Malvarrosa. Песочна,широка плажа која особено во попладневните часови е преполна од локалци.

Плажата е слободна без лежалки (ретко се среќаваат плажи со лежалки), па во Валенсија е пракса после работниот ден остатокот од денот да се помине овде.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-06.jpg

Каква е храната?

Од традиционална храна и пијалаци што треба да се пробаат овде на прво место би ја ставила популарната паеља, која има потекло толку од Валенсија, потоа Churros и Horchata кои можат да се најдат во традицоналните, стари слаткарници или кај локалните продавачи по улиците.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-08.jpg

Нешто што најмногу ќе го забележите во секој агол од овој град тоа е нивната пршута (Jamon). Карактеристични,огромни парчиња jamon  висат во секоја продавница.

Има и сладолед од домат и сладолед од колбас, но тоа е нешто што не се осмелив да го пробам, а беше доста популарно. И секако најполуларниот шпански пијалак - сангрија.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-07.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Кристијан Шемко: „Се вратив во Македонија да одморам од напорната работа како ѕидар во Сиднеј, но па... „Во текот низ годините, поради носталгија и емоции за родниот крај, моите родите...
Христијан Стојаноски го посети најбајковитото холандско селце: „Најубаво се доживува со бротче кое г... „Како пловевме низ каналите, така почнаа воздишките предизвикани од убавините пр...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...
Маринела од Прилеп го посети Мексико: „Шишенце вода на плажа е 10€, пирамидите во Чичен Ица се волше... „Најголемата причина што сега отидовме во Мексико, беше свадбата од еден од најд...
Теона Манго за посетата на Кавказот: „Пејзажите во Грузија се без конкуренција, а во Азербејџан има ... „Мораше да се направи добра логистика бидејќи Ерменија и Азербејџан се во конфли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg