Сања Коцева: „Во Валенсија после работа се оди на плажа, никој никогаш не брза никаде“
Какви се цените во кафуле/ресторан?
Во однос на цените некои работи можат да се споредат и со цените кај нас со мали отстапки особено основите намирници во маркет. Цената на кафе се движи 1.5/2 евра, коктел 10/15 евра, популарните сендвичи со пршута околу 5 евра, пица 10/15 евра.
Најинтересен настан на кои имаш присуствувано во Валенсија?
Една од одликите на шпанската традиција се борбите со бикови т.е корида. Валенсија е еден од ретките градови во Шпанија каде имате уникатна можност да присуствувате на ваков настан.
Арената во која се одржува (Plaza de Toros) има капацитет од 10.000 посетители и беше преполна. Најчесто луѓето доаѓаат подготвени од дома со храна и вино бидејќи целиот настан знае да трае и до 6 часа.
Сепак, традиционалните борби со бикови и матадори се забранети, но матадорите можат да приредат извонредно шоу кое вклучува претставување на бикови и изведување на различни опасни точки со биковите кога го дигаат адреналинот на публиката.
Би можела ли да се замислиш да живееш таму?
После прекрасното искуство таму, моја желба е да се преселам и да живеам во Валенсија.
Повеќе фотки од Сања во Валенсија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело