Стефанија Гаштарска за животот во Москва: „Становите се прескапи, но сметките им се буквално симболични“
Најдобра и најлоша карактеристика на локалците?
Најдобрата е дефинитивно тоа што многу брзо те прифаќаат како нивен пријател. Дружељубиви се.
Најлоша… Хм, навистина не знам.
Како те прифаќаат како дојденец? Има ли многу странци што живеат таму?
Мене одлично ме прифатија, па затоа и кажувам дека се доста дружељубиви.
Можеби некој друг би кажал нешто сосема поинакво. Но, меѓу мене и Русите секогаш имало и сè уште има посебна хемија.
Често забораваат дека не сум Русинка, а тоа многу кажува. Инаку, странци има многу.
Омилено место во Москва?
Можам ли да имам друг одговор освен Болшој Театар?
Дали е безбедно да се движиш слободно насекаде?
Москва е место каде се чувствувам максимално комфорно и безбедно. Исто така, има полиција на секој чекор.
Сум си одела сама накај дома на полноќ со комплетна шминка и фризура после претстава. Во ниеден момент не се почувствував непријатно.
Какви се цените?
Како и насекаде низ светот, доста е поскапено.
Но, многу нешта се поевтини во споредба со нашите. Здравата храна на пример е многу поевтина.
Овошјето и зеленчукот на пазар се доста поскапи, од истите во маркет. За мене тоа беше многу чудно.
Кафе лате на пример е околу 130 денари, пица 500-600, билет во метро околу 50 денари…
Голема разлика има во недвижностите. Во Москва стан под кирија близу до центар под 1.000 евра е речиси невозможно да се најде. А да не зборувам за купување.
Затоа, пак, сметките им се буквално симболични. Тоа што можеш да се бањаш колку долго сакаш без да ти се потроши вода за мене е неверојатно.
Каде одат Русите на одмор? Во кои земји?
Го обожаваат Сочи, кога станува збор за нивната земја. А, ако зборуваме за надвор од Русија, тогаш Турција, Тајланд, Србија, Хрватска…
Што би донела од таму во Македонија и од Македонија би однела таму?
Од таму дефинитивно би донела гас, а оттука моето семејство.
Можеш ли да замислиш таму да дочекаш пензија?
Дефинитивно да!!! Искрено, многу сакам да работам во некој руски театар како педагог, за да го пренесам моето знаење на идните балерини.
Но, колку и да ја обожавам Русија, мојот 80-ти роденден сакам да си го дочекам во некое мало гратче во Италија, на пример во Позитано. Сепак, да се исплати цел мој животен труд.
Прочитајте и Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





