Стефанија Гаштарска за животот во Москва: „Становите се прескапи, но сметките им се буквално симболични“
Какви пријатели се Русите?
Би кажала дружељубиви и зборлести. Па, и љубопитни.
Доколку се запознаеш со Русин биди спремен на 5.636 прашања буквално за сè и сешто.
Особено ако си од друга држава или ако си балерина.
Ќе ти кажат колку навистина го сакаат балетот и која претстава ја гледале последен пат.
Ги сакам Русите, ги сакам како народ. Верни пријатели се и секогаш се спремни да помогнат.
Какви се на поле професија?
Ќе кажам за балетот. Тие се големи професионалци и со огромна дисциплина кон работата.
Вреднуваат таленти и дури и да не си „нивен“, секогаш ќе ти дадат шанса да се покажеш.
Многу се организирани и едноставно врвни во својата работа. Со голема желба го пренесуваат своето знаење на другите.
Какви се во љубовните врски?
Мислам дека ова е единственото прашање на кое немам одговор.
Кога ќе дознаам, со задоволство ќе споделам.
На колку години стапуваат во брак? Дали имаат модерни сфаќања?
Во врска со тоа на која возраст стапуваат во брак, би кажала, не се ништо поразлични од нас.
Секој индивидуално, сè зависи од тоа дали на некој на прво место му е кариерата или семејството.
Но, Русија и модерни сфаќања не одат баш заедно. Прифаќаат само традиционални и вистински вредности. Во тој поглед не се многу модерни, а јас дефинитивно го поддржувам тоа.
Каква е климата? Се навикна ли лесно?
Беше тешко на почетокот. Во зима знае да е ладничко, и ова е најблаго кажано.
Но, зимата во Москва има некоја своја убавина, затоа можам да кажам дека се навикнав доволно брзо.
Научив да се облекувам соодветно на времето и тоа ги реши сите проблеми.
Колку е различна Москва за доживување како турист и како граѓанин таму?
Доста различно. Мислам дека како турист, не можеш да успееш да ги видиш сите работи кои Москва ги нуди.
Не можеш да ги почувствуваш сите нејзини годишни времиња. Во лето, Москва е една, на есен друга, а во зима сосема трета.
Секое годишно време си носи некоја своја убавина во овој град … Чувството е прекрасно кога те прашуваат: „Каде живееш?“ А ти одговараш: Москва. Звучи „кул“ зарем не?
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





