Го посетив замокот Голубац кој е на 5 часа возење од Скопје - Што ме импресионираше кај „скапоцениот камен“ на Србија?
Се качувавме во кулите, ја посетивме топовската кула во која има репарирани топови од различни векови и реплики на топови какви што користела тогашната војска за да го одбрани замокот при нападите од вода.
Она што според моите пријатели од Србија (кои дојдоа со нас) требаше да биде тура од еден час, се претвори во уживање од скоро 3 часа - да го видиме секое ќоше, да се качиме до врвот на кулите, да се фотографираме и кај треба и кај не треба.
„Андријана, па јас од денес имам фотки колку што правам во една година“ - рече другарка ми Ивана од Белград.
Но, фотографиите се спомен кој ќе остане засекогаш, а верувам дека за многумина што ги видоа, тие се и инспирација да го посетат замокот Голубац, кој е идеална дестинација за кога ќе решите да отидете на викенд во Белград (или во североисточниот дел од Србија).
Бонус е што на 10km се наоѓа и манастирот Тумане, кој, велат, е чудотворен, лекува, и е втор по посетеност на тие простори после Острог.
Да не звучам како реклама од туристичка агенција, но ако сакате да доживеете нешто необично, различно и прекрасно - посетете го Голубац.
И по неколку дена од посетата, јас сум сè уште под силни импресии.
Погледнете повеќе фотографии:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





