Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до дома“

Има ли во Тајланд дружење како кај нас, пријатели со кои можеш во секое време да излезеш?

Да секако, особено на островот каде што живеам јас има голема фитнес заедница, па многу лесно можеш да запознаеш луѓе кои вежбаат, други фитнес тренери и фитнес ентузијасти.

Јас лично, скоро сите пријатели што ги имам овде, ги имам запознаено преку фитнесот и спортот.

Генерално е многу лесно за запознавање луѓе и за дружба, бидејќи на островот владее многу опуштена атмосфера и сите се пријателски настроени и сакаат да се дружат.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-05_1.jpg

Треба ли да се придржуваш до некои локални обичаи/закони кои важат за сите, без оглед дали се туристи или живеат таму?

Па да, како и во секоја земја треба да се почитуваат локалните обичаи и нивниот начин на живот.

Тајланд е будистичка земја и, нормално, си имаат посебна култура и обичаи што јас и сите други странци овде треба да ги почитуваме.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-15.jpg

Какви се локалците?

Според мене тие се едни од најљубезните и најгостопримливи луѓе во светот.

Секогаш се спремни да помогнат и да те поздрават со насмевка, најважно од сè е што прифаќаат странци и не ги третираат со непочитување како што е тоа случај во многу земји каде што досега сум бил.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-09_copy.jpg

А каква е локалната храна? Кој е најпознатиот специјалитет? Дали ти е по вкус или не го jадеш?

Локална храна според многумина е една од најдобрите во светот, меѓутоа јас, искрено, не сум голем фан, па си се држам до европската храна.

Локалната храна е премногу лута, најчесто се состои од оризови нудли и ориз.

Најпознат специјалитет е Пад Таи, нудли од ориз, што според мене не е воопшто лошо.

Мое омилено тајландско јадење е Пад Си Иу, односно нудли во соја сос со пилешко.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-03_1.jpg

Дали ти дошле гости од Македонија и ако да, каде ги шеташ?

Да, досега повеќепати сум имал гости од Македонија и сите се одушевени од убавината на островот.

Ги шетам по моите омилени места, најчесто плажи, кафулиња со поглед на океанот, будистички храмови и слично.

Има премногу убави места и секогаш ми е тежок изборот што попрво да им покажам.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-13.jpg

Како го поминуваш слободното време? Што ти е хоби?

Во слободно време вежбам, трчам на плажа, излегувам со пријателите на јадење или на кафе, обично моето слободно време се врти околу спортот и вежбањето.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-08_1.jpg

Ти недостига ли Македонија? Колку често се враќаш дома?

Секако дека да, сите мои пријатели и моето семејство се таму.

Досега се имам двапати вратено на одмор и би сакал да одам дома што почесто, бидејќи иако тука е рајот и е преубаво место за живеење, нема никаде како дома.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-06_1.jpg

Што македонско најмногу ти недостига кога не си тука?

Да бидам искрен, највеке ми фалат бурек и јогурт, овде ги нема. Се шегувам.

Највеќе ми недостигаат моите пријатели и семејството, дружбата и слободата што ја имам кога сум дома.

stefan-od-skopje-e-fitnes-trener-na-tajland-ova-e-rajot-na-zemjata-no-mi-fali-da-sum-poblisku-do-doma-07_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg