Кулинарски трикови од земјите од Блискиот Исток со кои ќе станете експерт во кујна
Можете да направите вид туршија од лимони, супата од јогурт е вистински специјалитет, а комбинацијата од оригано и мајчина душица може да биде основен зачин за многу јадења. Што друго можеме да научиме од готвачите од Блискиот Исток?
Некои го преферираат терминот Близок, а некои Среден Исток, но генерално земјите кои спаѓаат овде ги вклучуваат Турција, Израел, Либан, Ирак…
А, сите земји во оваа област се познати по одличната, зачинета храна.
Дел од триковите за готвење од овие земји ни се познати и нам, но постојат и трикови кои не „стигнале“ до нас, а можат да направат голема разлика во вкусот на јадењето.
Неколку трикови за готвење од овие земји кои ќе ви помогнат да станете експерт во кујна:
Прават „туршија“ од лимон
Во земјите од Блискиот Исток лимонот е популарна намирница и, исто како кај нас, се користи како додаток во чај, супа, салата и слично.
Но, во некои земји, особено Мароко и Иран, локалците прават и вид туршија од лимон.
Тие ставаат парчиња лимон во мешавина од сол и лимонов сок, а потоа го користат како додаток во разни јадења.
Не ја отстрануваат целата лушпа од модриот домат
Некогаш лушпата на модриот домат може да биде горчлива, па затоа е препорачливо да се излупи.
Но, во земјите од Блискиот Исток не ја отстрануваат целата лушпа, туку само делумно, како на фотографијата подолу.
Кога ќе го исечете вака излупениот модар домат на кругови, тој ќе има навистина интересен дезен.
Во овој случај препорачливо е да станува збор за не многу зрел модар домат, за лушпата да не биде многу горчлива.
Често прават супа од јогурт
Јогуртот е популарна состојка во многу јадења од Блискиот Исток, а од него се прават и многу супи.
Можеби најпопуларна е супата од јогурт, јајца, ориз и нане.
Го киснат оризот пред да го зготват
Во повеќето рецепти од Блискиот Исток, оризот не само што се мие, туку и се кисне во вода околу два часа пред да се приготви.
Наводно, со ова може да се спречи лепењето додека се вари, но и му се подобрува вкусот.