Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали навистина медот треба да се црпи со дрвена, а не со метална лажица?

Дали медот навистина ги губи хранливите состојки од металната лажица или ова е само мит?

dali-medot-navistina-treba-da-se-crpi-samo-so-drvena-lazhica-a-nikako-so-metalna-01.jpg

Од вашите баби веројатно имате слушнато дека никако не треба да користите метална лажица за мед.

Според старите верувања, поради металната лажица медот може да изгуби дел од хранливите состојки. Некои, пак, веруваат дека металот од лажицата може да рѓоса и да го направи медот штетен.

Па, колку вистина има во сето ова и дали навистина не смеете да користите метална лажица за мед?

Верувањето дека медот ги губи хранливите состојки од металната лажица не е поткрепено со никакви истражувања.

Кога и самите ќе размислите подобро, навистина нема логика како медот би ги изгубил хранливите состојки ако само неколку секунди стои во метална лажица.

Ова значи дека верувањето за хранливите состојки на медот е сепак само мит.

dali-medot-navistina-treba-da-se-dava-samo-so-drvena-lazhica-a-nikako-so-metalna-02.jpg

Кoга станува збор за корозијата, односно рѓосувањето на лажицата, ова е делумно вистина.

Медот има pH-вредност помеѓу 3,4 и 6,1, а ова го прави кисела храна, односно кисел раствор.

На рН скалата, сè што има вредност помала од 7 се смета за кисел раствор. Вредноста 7 означува неутрален раствор, додека растворите со вредност поголема од 7 се алкални или базни.

Веројатно поради киселоста на медот се појавило верувањето дека тој може да предизвика кородирање на металот од лажицата.

Но, за да се случи ова, лажицата ќе треба да стои во медот многу долго време.

Што значи, додека црпењето мед со метална лажица не предизвикува никаква штета, не е препорачливо да ја оставате металната лажица внатре во медот.

Од истите причини, не е препорачливо да го складирате медот во метални садови.

dali-medot-navistina-treba-da-se-dava-samo-so-drvena-lazhica-a-nikako-so-metalna-04.jpg

Дали е подобро да користите специјална црпалка за мед?

Специјалните црпалки за мед можат да бидат попрактични, но не поради материјалот од којшто се изработени.

Овие црпалки се направени од дрво, но има и пластични модели.

Она што ги прави практични е нивната форма.

Поради големата вискозност, медот може да биде проблематичен за црпење. Но, овие црпалки го „заробуваат“ во нивните празнини, па го прават црпењето полесно.

Но секако, не значи дека се неопходни и слободно можете да продолжите да користите метална лажица, сè додека не ја оставате во медот.

dali-medot-navistina-treba-da-se-dava-samo-so-drvena-lazhica-a-nikako-so-metalna-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали алкалната исхрана ја намалува киселоста на телото и спречува болести (или е само мит)? Според таканаречената алкална диета, треба да избегнувате храна за која се верув...
Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...
Кафеавиот ориз е поздрав од белиот и уште 7 погрешни митови за храна и слабеење Ако сакате да ослабите, не секогаш треба да се фокусирате на тежината – кога цел...
Кој е најздравиот начин да ги консумирате прехрамбените продукти (за да не ги уништите витамините)? Свежиот спанаќ има трипати повеќе витамин Ц од сварениот, а сварените домати осл...
10 правила од нашите баби за да ја подготвите највкусната туршија во тегла Зеленчукот треба да биде збиен во теглата, за да се избегнат празнини и да се на...
8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg