Пилешко, лимони, павлака – Како да одредите дали храната е свежа и добра за јадење?
Лимоните треба да имаат впечатлива жолта боја, а околу пилешкото не треба да има никаква течност.
Со огромниот избор во продавниците, некогаш може да биде тешко да го одбереме најдобриот продукт.
Некогаш, пак, ако не помниме кога сме купиле нешто, не сме сигурни дали некој продукт во нашиот дом е добар за јадење, или сепак е подобро да го фрлиме.
Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат да одредите дали одредени намирници се свежи и добри за јадење:
Јајца
За да проверите дали јајцето е свежо, скршете го во чинија и обрнете внимание на жолчката. Кај свежите јајца жолчката ќе биде во средината, а белката нема да се разлева лесно.
Авокадо
Кај зрелото авокадо делот од стебленцето на врвот ќе можете да го отстраните многу лесно. Ако не можете да ги отстраните стебленцето со нежен допир, подобро почекајте уште некој ден пред да го пресечете авокадото.
Тиква
Ако сакате да ја одберете најдобрата тиква, најпрво осигурете се дека е тврда и мазна. Потоа чукнете на неа – ако ви звучи како да е шуплива, тогаш е во ред да ја купите.
Павлака и кисело млеко
Ако забележите малку вода во павлаката или киселото млеко, важно е дознаете дека тоа не е знак дека храната е расипана.
Оваа течност е всушност дел од киселото млеко и павлаката, некогаш може да се одвои и е потполно безбедна.
Риба
За да ја проверите рибата, нежно притиснете ја со прстот – ако месото се врати во првобитната положба и не остане отисок, тогаш рибата е свежа.
Не заборавајте да ги погледнете и очите – не треба да имаат бел слој и не треба да изгледаат вдлабнато.
Пилешко
Кога купувате пилешко, осигурете се дека околу месото нема никаква течност. Ако купувате замрзнато пилешко и забележите мраз, како замрзната вода, подобро земете друго парче.
Кокосово масло
Додека е на собна температура, ставете малку кокосово масло во стаклена чаша и оставете го половина час во фрижидер. Откако маслото ќе се стврдне, ако забележите друг слој врз него, најверојатно не е чисто и има додадено други масла и состојки.
Лимони
Зрелите, свежи лимони имаат впечатлива жолта боја. Ако лимонот изгледа бледо или има и зеленкаста нијанса, најдобро не го купувајте.
Спирова С. | Црнобело