Четири причини зошто треба да престанете да јадете пред телевизор или лаптоп

Кога јадете пред телевизор, речиси секогаш ќе изедете повеќе од планираното, а и поверојатно е да јадете нездрава, калорична храна. Последиците од ова се јасни - вишок килограми и проблеми со здравјето поради лоша исхрана.

chetiri-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-jadete-pred-televizor-ili-laptop-01.jpg

Јадењето пред телевизор или пред лаптоп стана норма. Скоро сите се навикнавме да јадеме додека ја гледаме омилената серија или некој филм.

Иако е сосема во ред некогаш да го правите ова, ако ви премине во рутина, време е да направите промена во животните навики.

Погледнете четири причини зошто треба да престанете да јадете пред телевизор:

Ќе почнете да си го поврзувате гледањето телевизија со јадење

Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да јадете додека ја гледате омилената серија, но ако ова ви стане навика, по некое време ќе ви биде тешко да ги одвоите овие активности.

Односно, секојпат кога ќе гледате нешто, ќе посакувате да јадете, дури и кога не сте гладни, а кога-тогаш ова сигурно ќе резултира со вишок килограми.

chetiri-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-jadete-pred-televizor-ili-laptop-02.jpg

Несвесно ќе изедете повеќе храна

Ако се фокусирате само на оброкот, тогаш ќе забележите кога сте сити и ќе престанете со јадење. Но, кога телевизорот ќе ви го одвлекува целото внимание, голема е веројатноста да изедете многу повеќе од планираното.

А, кога ова ќе почне да се повторува секој ден, повторно може да биде причина за вишок килограми.

chetiri-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-jadete-pred-televizor-ili-laptop-03.jpg

Ќе престанете да обрнувате внимание на вкусот на храната

Размислете, дали кога јадете пред телевизор обрнувате внимание на вкусот на храната? Најверојатно само ја ставате во уста и голтате и како да не сте воопшто свесни за оброкот пред вас.

Истражувањата покажуваат дека таканареченото свесно јадење е многу подобро за организмот, отколку воопшто да не обрнувате внимание на храната и вкусовите што ги внесувате.

Кога ќе се фокусирате на храната и ќе обрнувате внимание на секој залак, речиси сигурно ќе внесете помалку калории и ќе почнете да се храните поздраво.

chetiri-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-jadete-pred-televizor-ili-laptop-04.JPG

Ќе се храните нездраво

Уште еден факт поткрепен од науката. Истражување од 2007 година покажало дека децата, но и цели семејства кои јаделе пред телевизор генерално имале нездрава исхрана, за разлика од оние кои јаделе на маса без да гледаат нешто.

Според резултатите, машките деца кои јаделе пред телевизор консумирале многу повеќе засладени пијалаци, а многу помалку зеленчук за разлика од оние кои јаделе на маса. Женските деца кои јаделе пред телевизор консумирале многу повеќе пржена храна и, исто како момчињата, многу помалку зеленчук за разлика од другите.

Овие навики за исхрана, пак, речиси сигурно ќе ги имаат и кога ќе пораснат. 

chetiri-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-jadete-pred-televizor-ili-laptop-05.jpg

Како да ги избегнете јадењето и прејадувањето пред телевизор?

Рацете нека ви бидат зафатени. Кога гледате нешто, земете топче или што било во рацете што ќе ви ги држи зафатени. Можете и да се лакирате, да боите, да плетите… што било што ќе ви ги одвлече мислите од храна.

Јадете помали порции. Нормално, ако со месеци, па дури и години сте навикнати да јадете пред телевизор, нема да успеете веднаш да се ослободите од оваа навика. Затоа, додека да стигнете до целта, контролирајте ги вашите порции. Па следниот пат кога ќе јадете пред телевизор, ставајте ја храната во помали чинии.

Купувајте здрави намирници. Многу е полесно да му одолеете на чипсот додека гледате филм ако дома воопшто немате чипс. Ако ви е тешко да се контролирате, избегнувајте да купувате мрсни и калорични намирници и заменете ги грицките со поздрава алтернатива, како јаткасти плодови, пуканки и слично. Не мора целосно да се откажете од омилената храна, но купувајте ја поретко, барем додека да воспоставите контрола.

Јадете со семејството или пријателите. Кога јадете во друштво, најверојатно нема да го вклучите телевизорот. Истовремено, кога сме опкружени со други луѓе, потсвесно внимаваме колку храна ќе изедеме, па помала е веројатноста да се прејадеме.

chetiri-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-jadete-pred-televizor-ili-laptop-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg