6 намирници кои делуваат како антидепресиви – победете го стресот на природен начин
Кога ќе се спомене зборот антидепресиви, тоа звучи по малку застрашувачки. Понекогаш навистина и е. Со нив, како и со депресијата, нема „играчка“. Никогаш не ги земајте сами, на своја рака, без претходна консултација со стручно лице и никогаш да не ги дозирате самите.
Но, пред да посегнете по овој тип на лекови, испробајте и неколку природни начини барем малку да ја ублажите депресијата. Со други зборови, испробајте неколку природни антидепресиви.
Постојат типови храна кои позитивно влијаат врз лачењето на хормоните на среќата, па секако нема да биде залудно да ги испробате:
Бразилски орев
Бразилските ореви се тип на јатки со најголема содржина на селен. Истражувањата покажале дека луѓето на кои им недостасува овој елемент, се повеќе склони кон депресија, раздразливост и хроничен замор. Доволно се само три оревчиња на ден.
Остриги
Овој деликатес на морска храна е познат не само по својот уникатен вкус, туку и по високата содржина на цинк, неопходен за репродукција на енергија и работата на мозокот.
Покрај тоа, овие школки се богати со витамин Б12 чиј недостаток може да ги засили симптомите на депресија, како и и омега 3 масни киселини кои можат да им бидат од помош на луѓето со депресија. Само три парчиња се доволни за подобрување на расположението.
Банани
Бананите содржат многу корисни хранливи состојки. Меѓу другите – аминокиселината триптофан, како и витамини А, Б6 и Ц, растителни влакна, калиум, фосфор, железо и здрави јаглехидрати.
Здравите јаглехидрати помагаат во апсорпција на триптофанот, додека витаминот Б6 има улога во создавањето на хормонот серотонин, кој е одговорен за расположението. Половина банана наутро – и вие сте среќни.
Леќа
Ова е комплексен јаглехидрат и затоа леќата, како и бананите, го зајакнува производството на серотонин. Исто така, помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, а истовремено го одржува вашето расположение. Покрај тоа, леќата е богата со фолати и железо. Дневната доза е половина чаша.
Темно чоколадо
Најпознат начин за подигнување на расположението е парче чоколадо, но сепак треба да го консумирате она во висок процент на какао и во умерена количина. Во едно истражување, 30 луѓе секојдневно консумирале по 40gr црно чоколадо во тек на 14 дена, и се открило дека нивото на хормони на стрес е намалено.
Овесна каша
Овесната каша е еден од најздравите појадоци кои може да ги консумирате. Дава енергија во текот на денот, благодарение на бавното ослободување на јаглехидратите. Друг плус е високото ниво на селен. Во кашата додадете парчиња банана, семе од чија, суви кајсии или путер од кикиритки.
(О)Милена | Црнобело