Цел живот сме го чистеле погрешно - како правилно и најлесно да јадете ананас? (видео)
Две постари видеа периодов станаа хит бидејќи покажуваат дека има мошне едноставен начин за јадење ананас, кој не бара ни лупење ни сечење на овошјето.
Ананасот е превкусно овошје и е совршен за летната сезона, но факт е дека може да биде тешко да го излупите и исечете. Во некои маркети можете да најдете исечен ананас, но ако купите цела овошка, знаете дека ќе помнете барем 10-тина минути во кујна обидувајќи се да го исечете.
Но изгледа дека постои многу полесен и поефикасен начин да го јадете ананасот. Овој трик првпат се појави на интернет пред околу две години, а сега повторно почна да се споделува онлајн и стана вистински хит.
Едно од видеата кои се споделуваат доста често деновиве е објавено на ТикТок и има повеќе од 600.000 прегледи. На видеото се гледа дека воопшто нема потреба да го сечете или лупите ананасот, туку доволно е со рака да отстранувате делчиња од овошјето и да ги јадете.
@dillonroberts22 really?
-->-->♬ 原聲 - dillonroberts22
На Фејсбук, пак, има уште попопуларно видео со сличен трик, кое за неполна година собра над 32 милиони прегледи.
Видеото е направено од инфлуенсерот Џон Нони кој прво покажува како најлесно да го отстраните горниот дел на ананасот. Потоа треба нежно да го удрите долниот дел на ананасот од тврда површина, а потоа и нежно да го извалкате.
По ова, многу лесно ќе можете да ги отстранувате парчињата ананас.
How to actually open a pineapple! 🤯How to actually open a pineapple! 🤯
Posted by John Nonny on Monday, October 5, 2020
Спирова С. | Црнобело