5 зеленчуци кои треба да ги јадете почесто после празничното прејадување
Празниците се период од годината кога прекумерно уживаме во вкусовите на храната. На масата има калорични намирници, големи количини на месо, додатоци со маснотии, како и десерти полни шеќери.
За да ги санираме последиците откако ќе претераме, потребно е секојдневното мени да го збогатите со следниве зеленчуци:
1. Цвекло
Цвеклото го прочистува организмот благодарение на антиоксидансите. Го подобрува и забрзува варењето на храната. Најдобро е да го консумирате свежо. Ако не ви се допаѓа вкусот, додадете го во смути.
2. Брокула
Можеби не ви е омилено, но после прејадувањето е задолжително консумирањето на брокула во сите облици. Богата е со витамини А, Б6 и Ц, како и со калциум, магнезиум и железо. Брокулата го спречува насобирањето на маснотии во црниот дроб, а може да ја подготвите на повеќе начини.
3. Зелка
Свежата зелка е идеален, диеталлен зеленчук со само 25 калории на 100g. Ги исфрла токсините од телото, па салатата од свежа зелка нека се најде почесто на менито оваа зима.
4. Спанаќ
Моќниот спанаќ ги неутрализира токсините, ја поттикнува работата на цревата и го забрзува метаболизмот. Може да го додадете врз пирето или прженото јајце – секако е без силен вкус и може да се консумира за појадок, ручек или вечера.
5. Лук
За бенефитите на лукот веќе сите знаеме, па со оглед на неговите антибиотски и антибактериски својства, добро е да го додадете во класичните рецепти. Му прави брза детоксикација на телото, посебно ако го консумирате свеж.
М. Д. | Црнобело