500 калории помалку: Трик за кремаста руска салата без „тон мајонез“
Каква би била празничната трпеза без чинија руска салата? Не би сакале ни да замислиме.
Обично се подготвува неколку дена пред Нова година, или во случајов кога нема да има прослави, можеби и на истиот ден, а содржи грашок, морков, компир, кисели краставички, јајца, салама и многу мајонез.
Мајонезот ги поврзува сувите состојки во една кремаста целина. Но, знае и дополнително да ја зголеми калориската вредност на салатата.
Во само 100g мајонез се наоѓаат 680 калории, па вие пресметајте колку ставате во чинијата.
За да ги намалите калориите и маснотиите во салатата, додадете кисела павлака или грчки јогурт – тие имаат една третина помалку калории, отприлика околу 195 на 100g. Односно, ако се решите за грчки јогурт, ќе добиете салата со само 60 калории на 100g.
За една просечна доза на салата може да користите 100g павлака или грчки јогурт во комбинација со 1 вреќичка, 90g мајонез (дозата зависи од количината која ја правите, проценете најдобро сами). Може да додадете и 1 лажичка сенф, по вкус.
Па наместо 200g мајонез со 500 калории повеќе, сега добивате малку полесна салата, со речиси ист вкус.
М. Д. | Црнобело