Храна што не е препорачливо да ја загревате во микробранова печка
Микробрановата печка навистина е генијален изум и со текот на времето стана дел од сечија кујна.
Микробрановата печка е брз и ефикасен начин да стоплите некој оброк, па дури и да зготвите нешто, но постојат неколку работи што не би требало да ги ставате внатре.
Овој уред ја загрева храната на поразличен начин од рерната или шпоретот, па поради тоа треба да бидете внимателни. Поради состојките, некои прехранеби продукти не се погодни за микробранова печка, бидејќи можат да ви направат огромен неред.
Па, погледнете што не би требало да ставате во микробрановата печка (но, изборот е ваш):
Варени јајца
Иако можете да приготвувате јајца во микробрановата печка, внатре никако немојте да ставате варени јајца. Кога ќе ставите сварено јајце во микробранова, поради брзото загревање на водата во него, голема е веројатноста тоа да експлодира и да ви направи неред.
Лути пиперки
Лутите пиперки, особено чили пиперките, имаат состојка која може да биде запалива ако се изложи на зрачењето од микробрановата печка. Дури и да не се запалат, пиперките ќе испуштат чад кој сигурно ќе ви предизвика иритација на очите.
Вода
Можете да загревате обична вода во микробранова, но треба да бидете внимателни. Ако температурата на водата достигне повеќе од 100 степени целзиусови, кога ќе го извадите садот од печката, може да настане мала ерупција и да се изгорите.
Пилешко месо
Немојте никогаш да се обидувате да зготвите пилешко во микробранова. Ова месо секогаш треба да биде добро печено или варено, бидејќи секогаш постои опасност на него да има бактерии, како салмонела.
Генерално, не се обидувајте да готвите какво било месо во микробрановата - секогаш печете го во рерна бидејќи само така ќе се осигурате дека е добро зготвено.
Сос од домати
Слично како варените јајца, и сосот од домати може да „експлодира“. Причината е тоа што сосот од домати, но и другите сосови, содржат многу вода која во микробранова може брзо да достигне температура повисока од 100 степени. Ова, пак, ќе предизвика мала експлозија што ќе ви ја извалка целата микробранова.
Сте пробале ли да загреете нешто од горенаведените работи? Имате поинакво искуство?
Спирова С. | Црнобело