Домаќински трикови со кои максимално ќе ги искористите овошјето и зеленчукот
Направете вотка со овошен вкус
Ако имате овошје што е пред расипување, можете да го искористите за да направите вотка со овошен вкус.
Две шолји исечкано овошје прелијте со 3 шолји вотка. Најдобро е смесата да ја ставите во тегла и добро да ја затворите. Потоа поставете ја на место со директна светлина и оставете да отстои 3 до 5 дена.
Секој ден протресувајте ја смесата, а на крај прецедете го алкохолот.
Овошната вотка можете да ја чувате во обично шише.
Стариот леб искористете го за домашни крутони
Ако имате стар леб, исечете го на коцки, ставете го во тава подмачкана со маслиново масло, додајте сол, бибер и зачини и по желба и печете додека крутоните не добијат златно-кафеава боја.
Замрзнувајте ги свежите продукти
Ако често ви се случува да фрлате овошје или зеленчук, можеби најдобро е да ги чувате замрзнати.
Постојат многу начини да го замрзнете овошјето или зеленчукот, а овде можете да погледнете како најдобро да ги замрзнете црешите. Истиот трик можете да го искористите и за други овошки.
Кисел зеленчук
Туршијата се прави во речиси секој дом во Македонија, па сигурно лесно ќе најдете рецепт од вашата баба.
Ако сте купиле повеќе зеленчук од потребното и сметат дека ќе се расипе, секогаш можете да го искористите за туршија која може да трае многу долго.
Леб од банани
Не мора да ги фрлате ни потемнетите банани – искористете ги да направите вкусен и здрав леб од банана. Рецептот можете да го најдете овде.
Спирова С. | Црнобело