Како да јадете свежи цреши и вишни преку цела година?
Речиси и да не постои домаќинство без замрзнувач. Овие ладилници значително ја намалуваат потребата од правење зимница и нејзино складирање во многу тегли.
Сè повеќе и повеќе луѓе одлучуваат да ги чуваат овошјето и зеленчукот сирови во замрзнувач бидејќи е многу попрактично.
Сo замрзнувањето се задржува вкусот на овошјето и зеленчукот, како и голем дел од хранливите материи. Исто така, замрзнувањето овозможува консумирање на сезонски продукти во текот на целата година.
Добрата вест за љубителите на цреши е дека можете да го замрзнете и ова овошје. За замрзнување треба да користите здрави и цели цреши или вишни.
Внимателно измијте го овошјето, исцедете го и отстранете ги дршките и листовите. Доколку сакате, можете да ги отстраните и семките.
Потоа овошјето прелијте го со студен 45% шеќерен сируп и веднаш замрзнете ги. Црешите припремени на овој начин можете да ги чувате во замрзнувач 8-12 месеци.
Доколку сакате да го прескокнете чекорот со шеќерниот супер, измијте ги, исчистете ги и ставете ги во добро затворен сад во замрзнувач.
Овошјето одмрзнувајте го на собна температура, а потоа можете да го користите за слатко, како и за разни шејкови, сирупи, смути, колачи, сладоледи и десерти или да го јадете свежо.
Спирова С. | Црнобело