Домаќински трикови со кои максимално ќе ги искористите овошјето и зеленчукот
Знаевте ли дека нема потреба да ги фрлате корите од портокал, па дури ни зелените листови на морковот и цвеклото?
Има начин да ги искористите речиси сите делови од овошје и зеленчукот и со нив да направите многу вкусни јадења.
Во продолжение дознајте како:
Направете чипс од лушпите од компири
Нема потреба да ги фрлате лушпите од компири, туку со нив можете да направите вкусен чипс.
Откако ќе ги излупите компирите, добро исчистете ги лушпите со вода и оставете ги да се исушат.
Потоа ставете ги во поголем сад, додајте маслиново масло и сол и добро промешајте.
На крај ставете ги во тава и печете ги 15-тина минути на 200 степени.
Слатка кора од портокал
Можете да ја искористите и кората од портокал и да направите здрави цитрусни слатки.
Можете да го пробате овој рецепт.
Песто од ливчиња од морков
Од зелените листови на морковот можете да направите песто сос.
Добро измијте ги листовите и измешајте ги со спанаќ, свеж босилек, кромид, лимонов сок, малку маслиново масло и сол. Ставете ги сите состојки во блендер и вашиот песто сос е готов.
Пржени листови од цвекло
Листовите на цвеклото имаат вкус сличен како кељ и од нив можете да направите здрав оброк.
Најпрво ставете ги листовите во тенџере со вода, варете ги околу 2 минути, па ставете ги во студена вода.
Потоа на тава пропржете малку лук и додајте ги листовите и зачини по желба. Во смесата можете да додадете и друг зеленчук.
Супа со остатоци од зеленчук
За ова можете да го користите кој било зеленчук, но добро би било да додадете и кромид и лук за подобар вкус. Истовремено, избегнувајте зеленчуци како брокула или карфиол, бидејќи можат да ѝ дадат горчлив вкус на супата.
Сите остатоци од зеленчуците складирајте ги во замрзнувач. Овде можат да траат и до шест месеци.
Кога ќе соберете повеќе остатоци, ставете ги во тенџере со вода и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, оставете ја смесата да се крчка уште половина час.
На крај прецедете ја течноста.
Добиената смеса можете да ја чувате четири дена во фрижидер и да ја користите за супа и додаток за секакви јадења.