Идеи за појадоци за рамен стомак (кои ќе ве држат сити)
Појадокот е најважниот оброк во денот и треба да биде полн со протеини, витамини и јаглехидрати. Правилниот избор на појадок може да ви помогне да ја одржувате линијата, но и да ослабите.
Луѓето кои не го прескокнуваат појадокот имаат предиспозиции да бидат послаби и да ја одржуваат нивната тежина. Исто така, здравиот појадок ви помага да имате поголема енергија во текот на целиот ден.
Неколку предлози за здрави појадоци кои се добри за вашата линија, но и ќе ве држат сити:
Овесна каша
Овесната каша во себе содржи многу хранливи состојки, па ќе се чувствувате сити подолго време. Овесната каша се состои од многу влакна и протеини кои му се потребни на организмот.
Може да ја комбинирате со овошје како малини, капини, банани или, пак, да ставите мед и некои јаткасти плодови. Добриот вкус е сигурно загарантиран, а по само една недела ќе забележите разлика на вашиот стомак.
Јајца
Може да ги подготвите како кајгана или на око, да ги сварите или пак да им додате спанаќ или некој зеленчук и да уживате во нивниот вкус. Јајцата се доста калорични, но затоа ве држат сити 3-4 часа.
Хумус
Хумусот е најздравиот вкусен намаз. Одлично оди во комбинација со црн леб, а исто така и со авокадо.
За да го подготвите нема да ви треба многу време, затоа сè што треба да направите е да изблендирате наут со маслиново масло, сок од лимон и сол.
Можете по вкус да си додадете и магдонос, лук, печурки, сенф или чили и да уживате во вкусен и здрав појадок.
Смути
Ако веќе се решите за оваа опција, најдобро е да одберете зелено смути. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од сите токсини во вашето тело и ќе ви го зголеми нивото на енергија.
За да направите најдобро смути држете се до следниве намирници: банана, киви, авокадо, зелено јаболко, спанаќ, брокула, моркови...
Направете своја уникатна и лична комбинација по ваш вкус и уживајте во нејзиниот вкус секое утро. Резултатите ќе ги забележите за многу брзо време.
Т. Ѓ. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





