4 замени за брашното за кои можеби не сте слушнале досега
Ако веќе некое време не консумирате глутен, веројатно сте барале алтернативни опции за брашното. Ова се четири замени за брашното за кои можеби не сте слушнале, а се работи за нешто поегзотични намирници.
Кои се тие?
Брашно од тигернут
Тигернут е неалергенски зеленчук со сладок вкус од Блискиот Исток и Африка. Содржи рамнотежа на протеини, јаглехидрати и масти, а истражувањата покажаа дека може да биде важен фактор во третманот на дијабетесот и дебелината.
Брашно од кафе
Ова брашно се подготвува од сушените плодови на кафето. На овој начин се искористуваат остатоците од плодот, а брашното има висока хранлива вредност. Богато е со влакна, протеини, железо и, се разбира, умерено количество на кофеин.
Брашно од банани
Ова брашно може полесно да се пронајде, бидејќи неговата употреба е прилично распространета. Ова е еден од најдобрите природни пребиотици, а го стимулира здравјето на целиот организам.
Брашно од семки од грозје
За време на процесот на производството на виното останува многу отпад, особено кожички и семки, затоа многу производители одлучија овој отпад да го претворат во брашно со овошен вкус, богато со антиоксиданти.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:





