За подготовка на месо, риба, зеленчук и остатоци од храна: Кулинарски трикови кои ги научивме од Џејми Оливер
Џејми Оливер е готвач за кој не е потребен опис, бидејќи сите го знаат и му се восхитуваат.
Професионалците, но и аматерите и љубителите на готвењето, го сакаат заради едноставноста на неговите рецепти, оригиналноста, како и новиот изглед кои им го дава на веќе познатите продукти и јадења.
Следејќи ги неговите инструкции, ретко кој ќе го уништи јадењето, а од него има дефинитивно многу што да се научи.
Доколку верувате во талентот на Џејми Оливер, во продолжение направивме селекција на трикови кои тој ги користи пред готвењето, а сигурно ќе ви бидат од корист и на вас.
Трикови со кои ќе ги подобрите вашите кулинарски вештини:
За приготвување месо и риба
1. Никогаш не почнувајте со подготовка на месото веднаш штом го извадите од фрижидер, бидејќи треба да стои барем 1 час на собна температура, во спротивно ќе биде без вкус. Ако печете мисирка, извадете ја од фрижидер 2-2.5 часа пред да ја готвите.
2. Ако сакате бифтекот (или слично месо) да изгледа печено, но секогаш ви изгледа средно печено, треба да обрнете внимание на дебелината на парчето – да биде двапати потенко од вообичаено. Ќе изгледа крцкаво, а внатре ќе ја задржи бојата и текстурата која ја сакате. Исто така, може прво да го запржите додека не добие златно-кафеава кора, па потоа да ставите да се пече.
3. Кога пржите риба во масло, подобро е да не ја мачкате тавата со масло, туку самата риба, така нема да изгори. Ако при подготовката ставите парче димена сланина во рибата, ќе стане посочна и ќе добие интересен вкус. Ако ја печете рибата на ќумур, тогаш е подобро да ја посолите однапред, бидејќи рибата често се лепи за решетката заради влагата која се испушта при подготовката, а солта ќе ја апсорбира.
4. Ако готвите месо на скара, подгответе два спреја – еден со вода за да го изгасите огнот, и еден со оцет, за месото да добие посилен мирис и да се формира крцкава кора.
5. Кога месото ви изгледа дека може да е премасно, ставете исечени парчиња ананас во него – ќе го апсорбира вишокот масти.
6. За бифтекот и слични парчиња месо да имаат посилен мирис, направете 3 работи пред пржење – прво, истријте го месото со парче лук пресечено на пола. Потоа, намачкајте го парчето месо со путер. На крај, направете комбинација од неколку ароматични билки (рузмарин, оригано, мајчина душица), потопете ги во течноста што се испушта од месото при пржењето и потоа тапкајте со нив врз месото.
За приготвување зеленчук:
7. Сите сакаат да го избегнат силниот мирис при пржењето кромид, а за таа цел, најдобро е да го посолите и да пржите на потивок оган.
8. Брокулата оди одлично во комбинација со пармезан, како и со соја сос.
9. За да направите совршено печени компири со крцкава кора, прво исчистете ги, варете ги 10 минути, а потоа исцедете ги. Може да им истурите маслиново масло, а може да додадете и малку вински оцет, билки и зачини. Пред да ги ставите компирите на хартија за печење, добро протресете ги во цедалка за да изгледаат благо раскршени, а по тоа извалкајте ги во путер и зачини и ставете ги да се печат 50-60 минути на температура од 180˚С.
10. Издинстајте го малку зеленчукот пред да го ставите во супа. Така ќе има посилна арома и времето за подготовка на супата ќе се намали за 10-15 минути.
11. Цвеклото прво треба да го посолите пред подготовка, а печурките – на крај од подготовката.
12. Замрзнувајте ги чили пиперките. Прво, затоа што кога ги чувате така не им се губи својството, а второ, бидејќи така полесно се рендаат и додаваат во сос или било кое јадење.
13. Лесен начин за сечење тенки парчиња краставица и моркови е со помош на нож за лупење, а со така исечени парчиња, секоја салата изгледа професионално.
Совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна:
14. Потемнетите банани може да ги излупите, исечете, да ги ставите на хартија за печење заедно со јаткасти плодови или без ништо и печете на ниска температура. Кога ќе се изладат, ставете ги во тегла и може да ги јадете како чипс или да ги додадете во каша.
15. Ако исечете овошје, но не планирате да го искористите одеднаш, пред да ги ставите во фрижидер, поминете ги со сок од лимон за да спречите оксидација и потемнување на овошјето.
16. Повеќето зеленчуци кои ги јадеме излупени, подобро е да се јадат со лушпа – така се повкусни, поздрави и помалку фрлате отпад. Компири, моркови, цвекло – добро измијте ги пред употреба и нема потреба да ги лупите.
17. Во оцет може да ставите речиси сè – зеленчук, билки, зачини. Сите овие работи додаваат посилна и уникатна арома, па може така да го користите за подготовка на различни други јадења.
18. Одличен начин да ја искористите старата векна леб е да направите леб со лук. Ставете исечкан лук и други билки и зачини во лебот, попрскајте со маслиново масло, замотајте во фолија и печете додека не стане крцкав.
За чување на храната:
19. Ако имате фета сирење, може да му го продолжите векот на траење така што ќе го исечете на коцки, ќе го ставите во тегла, додадете зачини (црвен пипер, оригано и друго) и истурете малку маслиново масло. Така фетата може да ја чувате подолг период.
20. Може да го продолжите рокот на траење на свежите билки така што ќе ги замотате во кујнска крпа и ќе ги ставите во фрижидер.
21. За цитрусните овошја и доматите целосно да го зачуваат природниот вкус, не ги чувајте во фрижидер.
22. Јајцата апсорбираат ароми преку лушпа, па најдобро е да не ги вадите од кутијата во која сте ги купиле или барем да не ги чувате до други намирници во фрижидерот со силна арома, како риба.
Бонус совети:
23. 5 состојки кои Џејми Оливер советува секогаш да ги имате дома – маслиново масло за готвење, ладно цедено маслиново масло за салати, вински оцет, морска сол и црн пипер.
24. Најдобар начин да добиете поголема количина на сок од лимон или лимета е ако претходно ги загреете. Ако од некоја причина немате како да ги загреете, ставете ги на рамна површина и ролајте ги благо притискајќи со раце, околу 20 секунди. Потоа исцедете сок.
М. М. | Црнобело