Како да го спречите прејадувањето и здебелувањето за време на празничните трпези?

Се наоѓаме во периодот од годината чиј календар е исполнет со многу слави и празници. Окото е практично ненаситно и по некое непишано правило секогаш јадеме повеќе отколку што ни се јаде и отколку што воопшто ни собира стомакот.

Kako-da-go-sprecite-prejaduvanjeto-za-vreme-na-praznicnite-trpezi-01.jpg

Како да го спречите прејадувањето и качувањето на килограми за време на богатите празнични трпези?

Јадете повеќе зеленчук

20% од храната нека им припаднат на „забранетите“ јадења, а 80% ставете го акцентот на салатите. Доколку мислите дека во зима нема доволно зеленчук, само помислете на марула, обична, но и кисела зелка и туршија.

Пијте повеќе вода

Веруваме дека овој совет сте го слушнале толку многу пати досега што ви е смачено, но правилото не се сменило – пијте што е можно повеќе вода. Зимата е сезона на топли чаеви, па пијте ги што е можно повеќе покрај водата, секако незасладени.

Ќе постигнете чувство на ситост, ќе го хидрирате телото и кожата која и онака е уморна и сува од временските температури.

Држете се подалеку од грицките

Чипс, пуканки со премногу путер и сол, бонбони, и што уште не! Празничната сезона е време кога уживате во кругот на семејството, пред ТВ со некој интересен филм и неминовно ви се јавува желбата за грицкање, иако не сте реално гладни.

Контролирајте ја желбата за грицки и насочете се кон вистински оброци и нормална храна. Ќе бидете благодарни на пролет.

Изберете едно слатко задоволство, не шест

Да, дома имаме колачиња, малку торта, полуотворени бонбониери, па не знаеме што попрво да каснеме и да си ја заблажиме душата. Да не зборуваме за хоророт наречен пакетчиња под елката – „мало е бебето, мама и тато ќе ги каснат чоколадите место тебе“.

Одберете само еден десерт и повторувајте го правилото – „не секој ден“.

Останете физички активни

Време на (про)слави, па сосема можно е да си наоѓате изговори зошто да не вежбате.

Уморни сте, сте славеле до доцна во ноќта, одвај се разбудивте утринава, ви се спие… сепак, обидете се да не го прескокнувате вежбањето или во најмала рака пешачете многу повеќе од вообичаеното за да постигнете баланс во однос на изеденото.

Јадете на масата

Звучи смешно, нели? Па каде би јаделе инаку? Онаму каде што најчесто имаме навика да ги јадеме оброците – на клуб масата, пред телевизорот или лаптопот, со вклучена емисија или омилената серија.

Ова е најлошата навика поврзана со храната – јадете несвесно и несконцентрирано, без да ги забележите сигналите кога мозокот ви кажува дека сте веќе најадени и време е да станете од трпезариската маса.

Ставајте храна во мали чинии

Помала чинија – помалку храна. Визуелно можеби ќе изгледа преполна, што е секако одлично за прелажување на окото, но малите чинии имаат тенденција да соберат 3 пати помалку храна од вообичаено, што е секако предност, особено за време на празниците.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg