8 совети како да грицкате, а да не качите килограми
Внимавајте во кој период од денот грицкате и никако не правете го тоа пред компјутер на работа или пред телевизор дома.
Сите сакаме да грицкаме од време навреме, но потоа имаме главоболки кога вагата ќе ни прикаже некој килограм плус.
За да не дојде до оваа несакана ситуација, најдобро е да внимавате како грицкате:
Грицкајте бавно
Грицкањето нека ви биде цел процес. Правете го тоа бавно и со уживање.
Десетина минути посветете се само на тоа, без компјутер, телевизор или телефон, кои ви го одвлекуваат вниманието.
Изберете печено, не пржено
Компирите консумирајте ги печени, а не пржени. Маслото од пржењето дефинитивно не е пријател на вашето тело.
Изберете го вистинското време
Најдобро е да грицкате од 12 до 17 часот попладне. Тоа е време кога сте активни, па така нездравите грицки нема толку многу штетно да ви влијаат, како на пример пред спиење.
Не јадете на биро
Јадењето пред компјутер на биро може да направи да внесете многу повеќе храна.
Сигурно нема да водите сметка колку колачиња сте изгрицкале ако работите на некој стресен проект.