Работи кои треба да ги научиме од оние кои никогаш не држат диети
Понекогаш, иако ни се чини тешко, сепак постојат и лесни начини да внимавате на исхраната, без да се држите до некои посебни правила и рестрикции.
Да, диетите се одлични, но знаат и да влијаат негативно, посебно кога ќе ги завршите, па килограмите ќе почнат магично да се враќаат дупло.
А, додека вие се мачите со диети, постојат и луѓе кои никогаш во животот не поминале ниту еден ден на диета, а сепак успеваат да најдат баланс.
Па, во продолжение, прочитајте совети од нутриционисти и други луѓе кои никогаш не држеле диети и успеваат да ја одржат фигурата:
1. Не го користете секој ден за частење со слатки задоволства и нездрава храна. Луѓето кои не држат диети, не си забрануваат работи, но знаат кога да кажат не, а кога да си дозволат некое парче торта.
2. Не трошете време и пари на диетална исхрана. Храната со малку масти и калории звучи одлично, но проблемот е во тоа што таквите намирници потешко се варат и најчесто содржат премногу јаглехидрати.
Со тоа се наталожува шеќер, а и вишок килограми. Купувајте свежи и проверени намирници и сами правете си ги јадењата.
3. Не постои храна која е лоша, како на пример – кељот е здрав и добар, а крофните и тортите лоши.
Истражувањата покажуваат дека ако верувате дека чоколадото е лошо за вас, тоа влијае обратно на мозокот и почнувате да кризирате за што повеќе.
Затоа, исфрлете ја идејата за лоша храна и консумирајте разновидни намирници умерено, но преферирајте ги здравите почесто.
4. И верувале или не, повторно, сонот е во преден план, бидејќи тоа исто така влијае на хормоните кои допринесуваат за тежината и апетитот. Затоа, добро наспивајте се.
5. Понекогаш препуштете се и на калоричната храна и уживајте без грижа на совест, но потоа не продолжувајте со истото, туку од следниот ден вратете се на регулирана и умерена исхрана.
6. Обидете се секогаш да готвите сами. Здравата исхрана не е ниту монотона, ниту здодевна, ниту невкусна. Напротив, имате многу голем избор и опции, па доколку почнете сами да готвите, ќе почнете и да уживате во оваа храна.
7. Не ги бројте калориите и наместо тоа фокусирајте се во порцијата секогаш да имате разновидна храна, доволно протеин, многу зеленчук и здрави масти.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





