Трикови од кујнските генијалци кои ќе ви го олеснат животот
Кога еднаш ќе усвоиме некоја навика, мислиме дека нема друг начин. До толку се навикнуваме, што ги игнорираме дури и полесните и поедноставни начини.
Ако ги прашање кујнските генијалци како тие се снаоѓаат во неколку домаќински ситуации, ќе добиете генијални одговори и трикови.
Ви ги пренесуваме најкорисните:
1. Како да ја спасите пресолената манџа, супа или сос?
Во чиста газа замотајте една рака пченица, заврзете со конец за да не се истури и спуштете ја во манџата или супата која ја пресоливте. Варете неколку минути. Пченицата ќе ја впие солта.
2. Како да го направите месото помеко?
Ако целта ви е да испечете месо, но тоа да остане меко, маринирајте го во малку мајонез пред да го ставите на жар или скара.
3. Како да го подобрите вкусот на јадењето?
Доколку служите ладно јадење, задолжително изладете ги чиниите во кои ќе го сервирате. За топлите јадења, стоплете ги чиниите. Овој трик ќе го збогати вкусот на рецептот кој го сервирате.
4. Како да направите кремасто пире?
Наместо да додавате ладно млеко од фрижидер, додадете топло, зовриено млеко во изгмечените компири.
5. Што да правите со бајатиот леб?
Постојат многу начини како да го претворите во вкусно ремек-дело, но еден од омилените е следниов: Исечете го на коцки, но без долната корка. Наполнете го просторот меѓу коцките со кашкавал и додадете зачини по желба. Печете додека кашкавалот не се стопи, а лебот не зарумени.
6. Како да го продолжите рокот на зеленчукот?
За зеленчукот да остане подолго свеж, на пример целерот и брокулата, завиткајте ги во алуминиумска фолија.