Храна која не е здраво да ја готвите и загревате
Дури и најмалите деца знаат за придобивките од зеленчукот и колку е важно истиот да биде вклучен во секојдневната исхрана.
Сепак мошне важен и начинот на кој го внесуваме зеленчукот во организмот.
Многу истражувања покажуваат дека термичката обработка прави зеленчукот да ги изгуби многу од неговите хранливи материи.
Токму затоа ова се осум производи со кои особено треба да внимавате:
1. Домати
Свежите домати содржат многу магнезиум и цинк. По термичката обработка концентрацијата на овие супстанци се намалува за 90 – 100 %.
2. Слатка пиперка
Пиперките, особено црвените се зеленчук кој содржи најголемо количество на витамин Ц. Меѓутоа при нивно загревање, за жал, неговата концентрација се намалува за 4 пати.
3. Лук
Свежиот лук е богат со витамин Ц и Б и е извор на холин. Но, термичката обработка ги намалува корисните својства.
4. Добрејка
Содржи витамин А, Б, Ц, Д и К. Кога ќе се загрее (на пример при додавање на растението во пица или омлет) голем дел од корисните својства се губат.)
5. Аспарагус
Аспарагусот е извор на витамини А, Ц, Е, К и Б, и фолна киселина. Но, при печење содржината на витамини се намалува.
6. Брокула
Брокулата е богата со витамин А, Б и калциум. Но термички обработената брокула има за 40 % помалку хранливи материи во споредба со свежата.
7. Цвекло
Цвеклото е одличен извор на фолна киселина. Но, кога се готви хранливата вредност му се намалува за 40%.
8. Ѓумбир
Свежиот ѓумбир има остар вкус, но тој е извор на витамините А, Ц, Б1, Б2 како и на голем број важни микроелементи. Во текот на термичката обработка повеќето од хранливите материи се губат.
М. С. | Црнобело