Навики кои треба да ги стекнете до 35 години, за понатаму да не се мачите со диети
На 20 години секако дека можете да уживате во масивни, мрсни хамбургери надополнети со пржени компирчиња и слатки коктели, газирани пијалаци... Општо кажано, секаква нездрава храна. Таа не е проблем за младиот организам со брз метаболизам.
Ама, како доаѓаат годините, така ќе сфатите дека работите многу брзо се менуваат и доаѓате во еден момент од животот кога едноставно не можете да се препознаете себеси кога ќе се погледнете во огледало и време е да почнете да мислите на тоа што јадете.
Метаболизмот може за само еден ден да се промени од екстра брз во многу бавен кога ќе наполните 35 години.
Па, за да не се чудите како успеавте нагло да се здебелите, потребно е да почнете да си градите здрави навики уште денес...
1. Кажете не на конзервираната храна
Без разлика на тоа колку сте во искушение, конзервираната храна најдобро е да ја избегнувате. Таа освен тоа што не е многу корисна, содржи многу калории и конзерванси кои го зголемуваат апетитот и по правило, е многу солена, па предизвикува задржување на водата во организмот. Истата, најдобро е да ја замените со замрзната или свежа храна.
2. Сами гответе
Не давајте некој непознат готвач да ја подготвува вашата храна, вие сами бидете одговорни за работите кои ги внесувате во вашиот организам. И секако, гледајте да бидат што е можно покорисни и богати со најважните нутритивни елементи.
3. Јадете совесно
Ако прашате некого „Што јадеше вчера?“, голема е веројатноста дека воопшто нема да се сеќава ниту на последните два до три оброка. Заради тоа, поголемиот дел луѓе развиваат лажни убедувања за тоа што јаделе, најчесто мислат дека помалку изеле и немаат проблем да изедат екстра храна кога навистина нема потреба за тоа.
4. Намалете на шеќерот на пола
Ако преферирате да ставате по две лажички шеќер во кафето, намалете на една. Ако ставате една лажичка, намалете на половина. Дури и во десертите кои ги јадете гледајте да ставате помала количина на шеќер од онаа која оригинално е запишана во рецептот.
5. Пијте вода пред да јадете
Нашето тело често мисли дека е гладно кога во реалноста е жедно. Па, наместо веднаш да почнете да јадете кога сте гладни, напијте се чаша вода и проверете случајно да не сте жедни. Ако гладот и понатаму не поминува, тогаш ќе знаете дека е време за храна.
6. Направете мускули
Со годините мускулите се намалуваат, а се зголемува масното ткиво, па добро е секојдневно да вежбате за да ги одржувате мускулите, а салото да го согорувате и трошите. Ако не сакате да плаќате за теретана, добро е и да чистите по дома, брзо да се движите или да џогирате.
7. Бидете умерени со алкохолот
Алкохолот содржи многу празни калории и исто така, го стимулира вашиот апетит. Па на крајот не само што ќе внесете многу непотребни калории од пијалаците, туку и ќе ви се јаде, па најверојатно ќе завршите со нешто нездраво доцна во ноќта. Најдобро е да се држите што е можно подалеку од алкохолот или барем да го пиете во умерени количини.
Н. Г. | Црнобело