Храна и пијалаци кои не е паметно да ги мешате со алкохол
Секој кој барем еднаш пиел на празен стомак, знае дека тоа е лоша идеја.
Но, подеднакво лоша идеја е и да го комбинирате алкохолов со следниве видови храна и пијалаци:
1. Брза храна
Јадењето на брза храна вообичаено му ја отежнува работата на црниот дроб, а во комбинација со алкохол, отежнувањето е двојно поголемо.
2. Газирани пијалаци
Шеќерот во газираните пијалаци и алкохолот никогаш нема да бидат добра комбинација.
3. Солени грицки
Сте се запрашале зошто баровите и рестораните нудат бесплатни солени грицки? Причината е едноставна: бидејќи ве ожеднуваат, што значи ќе пиете повеќе и подолго. На крајот ова може да се претвори во дехидрација, затоа внимателно.
4. Кафе и енергетски пијалаци
Овие пијалаци во комбинација со алкохолот имаат негативно влијание врз нервниот систем.
5. Храна - диуретик
Алкохолот во комбинација со храна која го чисти телото од вишокот течности може да доведе до сериозно дехидрирање на организмот.
М. Д. | Црнобело