Што да избегнувате за да немате кошмари навечер?
Освен ако не заспавте покрај вклучениот телевизор на „The Conjuring“, тогаш храната може да биде виновна за кошмарите кои ги имавте во текот на ноќта.
Па, што би било добро да не јадете навечер пред спиење?
Зачинета храна
Јадењето пред спиење ја зголемува активноста на мозокот, па со тоа и се појавуваат поживи соништа, а и ноќни мори. Храната која создава поголем притисок при варењето, посебно зачинетата храна, сигурно повеќе ќе ве вознемири во текот на сонувањето, па добро е да ја избегнувате.
Високо-калорична храна
Храната која подолго се вари, како месото и месните производи, исто така, може да предизвика кошмари. Калоричните слатка, ако ги јадете пред спиење ќе ја засилат активноста на мозокот.
Апчиња
Лековите кои влијаат на хемиските спојувања во вашиот мозок, како на пример, наркотиците и антидепресивите, дефинитивно ќе ја зголемат можноста да сонувате кошмари. Затоа што директно влијаат на рем фазата од сонувањето, соништата се поинтензивни.
Додатоци во исхраната и суплементи
На пример, научниците докажале дека поживите соништа можат да бидат резултат на претерано консумирање на витаминот Б6 , бидејќи се претвора во аминокиселини кои директно влијаат на невротрансмитерите кои ги одредуваат нашите соништа.
Н. Г. | Црнобело