Што треба да направите откако ќе се прејадете со руска, кифлички и торта за празниците?
Причината поради која се чувствуваме ужасно откако ќе се прејадеме е затоа што, стомакот го полниме не само со храна, туку и течности, воздух и нуспроизводи кои се креираат преку варењето на храната.
Мускулите тогаш се шират до максимум и чувствуваме болка. Но, постои брза помош:
После 5 минути
Кога ќе почувствувате болка, не го лапнувајте и последното парче, оставете ја виљушката и станете од празничната маса.
После 15 минути
Не се притискајте да стоите, бидејќи така вршите уште поголем притисок на системот за варење, туку како што правеле и старите, седнете на најблискиот кауч и малку одморете за да го намалите притисокот кој се врши на желудникот.
После 30 минути
Сега е време малку да пешачите. Така ќе ја стимулирате подвижноста на системот за варење и храната побрзо ќе се обработува..
До крајот на денот, не претерувајте со физичка активност и посебно, не заспивајте најмалку 5 до 6 часа после прејадување или барем до моментот кога чувствувате дека храната повеќе не е во желудникот, туку почнала да се обработува во останатиот дел од системот за варење.
Н. Г. | Црнобело