5 кујнски предмети кои не знаете дека имаат рок на траење

Многумина од нас имаат барем еден кујнски предмет кој го користат многу одамна и секако не ни паѓа на ум дека истиот треба да се фрли. Како и производите кои ги готвиме во нив, така и даските за сечење или некои од тавите имаат рок на траење.

5-kujnski-predmeti-koi-imaat-pokratok-rok-na-traenje-odoshto-mislite-01.jpg

Еве неколку предмети кои повеќе не треба да ги употребувате:


1. Дрвениот кујнски прибор

Приборот кој е направен од дрво трае до 5 години или додека не забележите пукнатини и промена на бојата. Не заборавајте дека дрвото е материјал кој кородира и кој впива мириси, влага и бактерии.

Токму затоа, потребно е дрвениот прибор да го миете веднаш по употребувањето и да не го сушите на влажни места.

5-kujnski-predmeti-koi-imaat-pokratok-rok-na-traenje-odoshto-mislite-1.jpg


2. Гумени или силиконски шпатули

Шпатулите траат до 2 години или сè додека не променат боја и делови од нив започнат да се одвојуваат и паѓаат. Некои од шпатулите се направени од два дела, па ако имате некоја ваква шпатула во домот потребно е дополнително да внимавате на нејзиното чистење.

Тоа е така затоа што, меѓу деловите кои се спојуваат се собираат наслаги и бактерии, па ако истите не можете да ги исчистите, најдобро е да престанете да ги употребувате.

5-kujnski-predmeti-koi-imaat-pokratok-rok-na-traenje-odoshto-mislite-2.jpg


3. Тефлонски садови

Овие предмети траат до 3 години или сè додека не забележите дека материјалот на површината на садот почне да се одлепува.

За да траат подолго најдобро е ако имате можност, да ги закачувате на ѕид наместо директно да ги чувате заедно со другите садови.

5-kujnski-predmeti-koi-imaat-pokratok-rok-na-traenje-odoshto-mislite-3.jpg


4. Пластични даски за сечење

Даските направени од пластика траат до 3 години или додека на нив нема доволно длабоки траги од ножот за да не можете да ги исчистите.

Исто така најдобро е да имате посебни даски за сечење за разните врсти на производи. Месото и рибата потребно е да ги сечете на различна даска од овошјето и зеленчукот.

5-kujnski-predmeti-koi-imaat-pokratok-rok-na-traenje-odoshto-mislite-4.jpg


5. Малите кујнски ножици

Тие траат до 5 години или додека не забележите на нив рѓа. Ако сакате подолго да ви траат добро е барем еднаш неделно да ги острите.

5-kujnski-predmeti-koi-imaat-pokratok-rok-na-traenje-odoshto-mislite-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg