Храна која ќе ви помогне совршено да потемните
Освен стандардните креми и масла за сончање кои го поттикнуваат потемнувањето на кожата, овој процес може да го забрзате и по природен пат.
Со тоа што го поттикнуваат произведувањето меланин и пигмент, овие намирници ќе ви бидат најдобри сојузници на совршениот тен:
Морков, кајсии и сладок компир
Овошјето и зеленчуците со портокалова боја се богати со бетакаротен и витамин А, кои штитат од опасните UVA и UVB зраци и го поттикнуваат призведувањето на меланин. Колку произведувањето на меланин е поголемо, толку кожата е потемна.
Спанаќ и кељ
Зелениот лиснат зеленчук го има истиот ефект како портокаловото овошје и е богат со бетакаротен. Овој зеленчук е идеален за луѓето со посветла кожа.
Белки
На потемнувањето на кожата влијае и тирозинот, аминокиселина која се наоѓа во повеќето креми за самопотемнување. Најмногу тирозин има во сојата, белките и алгата спирулина.
Риба, бадеми и зачини
Рибофлавинот, баш како и тирозинот е честа состојка во кремите за самопотемнување, а најдобри извори се бадемите, скушата, лососот и пастрмката, како и сушени зачини како пиперка и коријандер.
Домати
Доматите се богати со каротеноиди кои успешно ја потемнуваат кожата, додека ликопенот во нив ја враќа еластичноста и ги намалува воспаленијата од штетните UV зраци.