Лоши навики после јадење кои треба да ги избегнувате

Цигарата, спортувањето па дури и овошјето после обилниот оброк спаѓаат во групата на лоши навики со кои му наштетуваме на целиот организам.

losi-naviki-posle-jadenje-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-1

На вас останува дали ќе ги промените овие навики или ќе продолжите и понатаму со нив:

Цигара после оброк

Луѓето кои пушат цигари ќе ви кажат дека најубаво им е кога ќе запалат цигара после обилниот оброк. Но, пушењето на цигара веднаш после јадењето е повеќе штетно отколку што мислиме. Една цигара после ручек го има истиот ефект како да сте запалиле 10 цигари.


Овошје после оброк

Овошјето многу брзо се вари, но ако се консумира после обилен оброк тоа се задржува во желудникот подолго и започнува да испушта штетни материи. Овошјето најдобро е да се јаде на празен стомак или 2 часа пред и по оброк.


Чај после оброк

Многу луѓе практикуваат да пијат чај после јадење, но и тоа е само уште една лоша навика која мора да се избегнува. Чајот го отежнува варењето на храната, а тоа може лошо да влијае врз анемичните луѓе. Најдобро е чајот да се пие 1 час после јадењето.


Физичка активност после оброк

Ако после оброкот веднаш практикувате некоја физичка активност, тогаш треба да знаете дека на тој начин вашиот организам не ги апсорбира хранливите материи од храната која сте ја консумирале. Лесната прошетка секако се препорачува, но за повеќе напор почекајте најмалку 2 часа.


Опуштање на облеката после оброк

Сигурно ви се случило да се прејадете толку многу што пантоланите ви пречат и не можете да дишете, па ги откопчувате копчињата или го вадите ременот. Но, треба да знаете дека со овој потег ослободувате повеќе место во желудникот и сте во можност подоцна повторно да јадете, што доведува до дебелеење. 

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg