3 намирници кои го решаваат проблемот со ‘рчењето

‘Рчење - можеби најиритирачкиот звук кој можете да го чуете во текот на вечерта. Иако лекарите и аптеките нудат безброј решенија, зошто да се труете со хемикалии?

3-namirnici-koi-go-resavaat-problemot-so-rcenjeto-01.jpg

Постојат најмалку 3 природни намирници кои се исто така делотворни, а чинат многу помалку.

1. Маслиново масло

Чудесно е што токму ова масло кое го има во речиси секој дом го решава проблемот со гласно ‘рчење. Едноставно, наполнете чаша вода со собна температура и додајте 1 лажица мед и 1 лажица ладно цедено маслиново масло.

За подобар ефект може да нарендате и малку свеж корен од ѓумбир.

Испијте ја оваа мешавина половина час пред да си легнете.

3-namirnici-koi-go-resavaat-problemot-so-rcenjeto-02.jpg


2. Нане

Една од билките со најубав мирис кој има дејство како одличен анестетик, но и антисептик. Затоа, ако имате проблем со ‘рчење пијте по барем 1 чаша чај од нане дневно. Најдобро би било да ја испиете непосредно пред спиењето.

Етеричното масло од нане исто така е делотворно. Пред да си легнете, во чаша со вода додајте неколку капки масло од ментол кое ќе го набавите во аптека и правете гаргара со оваа мешавина.

3-namirnici-koi-go-resavaat-problemot-so-rcenjeto-03.jpg


3. Кардамон

Овој арапски зачин има специфична арома, па затоа често ќе го сретнете по некои егзотични рецепти. Сепак, има и здравствени предности - го олеснува дишењето и ја разредува слузта, а токму затоа им се препорачува на луѓето кои често и гласно ‘рчат.

Изгрицкајте неколку семки кардамон пред спиење или во чаша со вода помешајте малку цимет, мед и ½ лажичка од овој зачин во прав.

Кардамонот може да го купите во сите продавници за здрава храна.

3-namirnici-koi-go-resavaat-problemot-so-rcenjeto-04.jpg

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg