Појадокот е најдобра диета: Што да јадете секое утро за да ослабете?
Речиси и да нема човек кој не знае дека најважен оброк во денот е појадокот. Но, многумина не знаат што точно би требало да појадуваат, па многу брзо огладнуваат и посегнуваат по нездрави грицки кои се таложат на стомакот, колковите, задникот...
Како што многу нутриционисти тврдат, никогаш не е сеедно што ќе појадувате.
Ако сакате успешно да ослабете пред почетокот на летото сите ви препорачуваат да појадувате овесна каша!
Зошто баш овесна каша?
Овесот и неговите преработки како снегулки се неверојатно здрави. Ако мислите дека кашата се јаде само за појадок, се лажете. Наместо наутро може да ја консумирате и како прилог на ручекот и вечерата или пак да правите слатки десерти врз основа на овесните снегулки.
Подолго ќе бидете сити
Влакната кои ги содржи кашата делуваат така што го зголемуваат волуменот на количината на храна која сме ја внеле во стомакот, заради што подолго ќе бидете сити. Освен тоа, влакната во овесот го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот.
Го намалува холестеролот
Богата е со здрави влакна, па затоа кашата им својство за врзување на маснотиите за себе. На тој начин се намалува холестеролот во крвта и срцето и крвните садови се многу поздрави.
Го намалува притисокот
Од сите јадења со кои можете да го намалите притисокот, овесната каша е најмоќниот рецепт. Ако редовно ја консумирате, билните влакна во неа ќе ви помогнат да го намалите притисокот за цели 30%.
Го намалува ризикот од рак
Намирниците од цело зрно го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, покажуваат голем број на истражувања. Освен тоа, овесот го намалува ризикот од рак на дојка, простата и јајници.
Воопшто не е скапа
Супер задоволство за вашиот стомак, но и паричник. За само 100 денари може да купите големо пакување овесни снегулки од кои ќе појадувате цела недела.
Како да подготвите овесна каша?
За 1 порција со средна густина потребно ви е:
- 50g овесни снегулки
- 150ml вода
- 150ml млеко
- Овошје по желба (1 банана, 1 јаболко, шолја шумско овошје)
- Мед и цимет
Млекото, водата и овесните снегулки ставете ги да се варат на средна температура. Кога смесата ќе добие густина, додајте го овошјето исечкано на коцки.
Почекајте да зоврие, промешајте и претурете во чинија. На крај додадете мед и зачини.