Може да се отруете: Јадења кои никогаш не смее да ги подгревате
Заради недостатокот на време често пати за време на викендите готвиме за следните неколку дена, па потоа само го подгреваме ручекот кога ќе се прибереме дома.
Меѓутоа, она што не го знаете е дека многу намирници при овој процес на подготвување, ладење па подгревање го менуваат својот хранлив состав, па дури и стануваат токсични.
Ова се намирниците кои може да ги консумирате само тазе подготвени, во спротивно може да се отруете:
1. Печурки
Најдобро е да ги јадете штом ги подготвите, а ако ви останат за следниот ден најпаметно е да ги јадете ладни. Тоа важи и за супите, чорбите и рижотото со печурки. При греењето на печурките доаѓа до промена на протеините кои ги содржат, па дури и до промена на самиот вкус. Тогаш може да предизвикаат проблеми во варењето.
2. Пилешко
Исто како и кај печурките, кај подгревањето на пилешкото се менува составот на протеини. Затоа не се препорачува топлење на месото на многу висока температура. Ако сепак не можете да го јадете месото ладно, ставете го на ниска температура подолго време.
3. Компир
Компирот не смее да го загревате затоа што покрај тоа што ги губи своите хранливи својства, може да стане и токсичен. Јадете го одма откако ќе го подготвите или ладен - тогаш најдолго ќе ве одржи сити. Ако сакате да подготвите манџи и супи со компир за повеќе денови, најпаметно е компирот дополнително да го додадете, ден за ден.
4. Спанаќ
Спанаќот е зеленчук со висок процент на нитрати кои со повторното загревање преминуваат во нитрити. Тие се потенцијално канцерогени за човечкиот организам, па затоа се препорачува јадење на спанаќот само кога е свежо подготвен.
5. Репка
Исто како и спанаќот, и репката е полна со нитрати кои со згревање стануваат штетни за организмот. Тоа не значи дека следниот ден не можете да ја јадете, туку само дека е попаметно да не ја греете.
6. Целер
Целерот кој најчесто се користи во супи треба да го извадите заедно со морковот и да го додавате само свежо сварен. Супата никогаш не смее да ја подгревате без да ги извадите овие два зеленчуци од неа.
7. Јајца
Јајцата се најризични намирници за подгревање затоа што стануваат токсични на висока температура. Тоа не важи за јадењата во кои јајцата се измешани во сосови, како на пример во бешамел сосот, туку за јадењата со варени или пржени јајца, како мусаката.