Три трикови за чистење на жолтите нокти од никотинот

Никотинот остава последици на целото тело, па и на ноктите на пушачите. Иако девојките се обидуваат жолтилото да го покријат со лак, сепак тоа не е решение во секој момент.

tri-trikovi-za-cistenje-na-zoltite-nokti-od-nikotinot-01

Обидете се со овие 3 трикови и ќе забележите резултати

Аспирин

Ставете една таблета аспирин во шолја со топла вода, издробете ја со лажичка и мешајте додека целосно не се растопи. Потопете ги прстите во водата и едната со другата рака тријте ги за да излезат дамките. Постапката трае околу 5 минути. Потоа измијте ги рацете и нанесете хидратантна крема.

Грејпфрут

Пресечете го грејпфрутот на два дела па издлабете го сочниот дел. Ставете ги прстите во грејпфрутот и тријте ги прстите од кората околу  5 минути. Потоа измијте ги рацете со вода и сапун, па нанесете хидратантна крема.

Лимонов сок

Наполнете мал сад со лимонов сок во доволна количина за да ви ги прекрие прстите. Премачкувајте ги прстите околу 5 минути, потоа истријте ги со камен за пети за сите дамки да се отстранат. На крај измијте се и нанесете хидратантна крема да ви омекнат.

tri-trikovi-za-cistenje-na-zoltite-nokti-od-nikotinot-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg