5 правила како да подготвите совршено здраво смути

Најверојатно најпопуларниот пијалок денес кој е воедно здрав и вкусен, смутито го пиеме сите, но не сите го приготвуваме на правилен начин.

eve-kako-da-napravite-sovrseno-smudi-na-pravilen-nacin-1

 Овие 5 совети ќе ви покажат како да го направите совршеното смути на правилен начин.

1. Користете овошје што го јадете постојано

Без разлика за каков вкус на смути ќе се одлучите, секогаш користете го веќе испробаното овошје кое го јадете постојано.

Секако дека е потребно некогаш да варирате во вкусовите и да пробате нешто ново, но доколку претходно не сте сигурни каков е вкусот на овошјето кое сакате да го ставите, не го користете.

2. Заборавете на мразот

Секако дека комбинацијата на ладно и слатко е привлечна, но во овој случај не се вклопува со она што сакате да го постигнете, а тоа е овошно смути, кое не вклучува никаква течност, бидејќи мразот ќе се стопи внатре и ќе го уништи вкусот.

3. Никако не ставајте шеќер или мед

Грешка која сите ја правите е додавање на шеќер или мед откако смутито е готово. Веднаш престанете со таквата навика бидејќи овој пијалак би требало да е здрав и без шеќери.

4. Без млеко

Не правите милкшејк за да ставате млеко, туку смути, а неговиот вкус секогаш треба да биде кремаст, не течен, што значи дека наместо млеко треба да ставите ниско маслен јогурт кој ќе му ја даде таа густа текстура.

5. Секогаш правете смути по рецепт

Јаболка, ананас, банана, јадоги...не ставајте се во едно смути бидејќи вкусот нема да личи на ништо. Секогаш смутито правете го по одреден рецепт за да го добиете посакуваниот вкус!

eve-kako-da-napravite-sovrseno-smudi-na-pravilen-nacin-2

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg