Што да направите ако се прејадете?

На сите им се случува некогаш да се прејадат, понекогаш дури и на оние кои најмногу внимаваат. Некогаш сте толку гладни, што не знаете за доста и јадете до последната трошка во чинијата.

sto-da-napravite-ako-se-prejadete-01

Но, штом ќе завршите со јадењето веќе почнувате да чувствувате и мачнина и грижа на совест. Посебно тоа е изразено ако сте на некоја диета.

Постојат начини како да ги ублажите последиците во првите неколку часа и така да направите голема разлика.

1. Опуштете се

Непотребниот стрес нема да ви помогне. Кажете си себеси дека утре е нов ден и ќе почнете одново со нешто свежо. Запомнете: Еден лош ден и многу калории, нема да ви ја уништат целата диета.


2. Напијте се вода

Наједноставен начин за детоксикација е водата. Ве ослободува од токсините и вишокот соли поради кои се чувствувате подуено. Ако сте правилно хидрирани, метаболизмот ќе ви работи побрзо. По големиот оброк пијте многу вода која има собна температура, бидејќи ако е многу студена може да ви го забави системот за варење.


3. Прошетајте

Ќе се чувствувате многу подобро ако се движите, колку и да звучи тоа грозно. Плус ќе го забрзате варењето, а со тоа и чистењето на храната од желудникот.


4. Отспијте

Кога ќе сфатите дека сте претерале, време е да застанете и да ги избегнете дополнителните искушенија. Измијте ги забите и легнете си порано. Ако претерате со јадење навечер, треба да имате барем 7 часа сон.

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg