11 производи кои природно ќе ги избелат вашите заби
Зошто би плаќале скапи препарати или ласерско избелување на забите кога истото може да го направите во домашни услови со помош на продукти од вашиот фрижидер.
Ова се тие 11 продукти со кои природно ќе ги избелите вашите заби во неколку забележителни нијанси за само две недели.
Јаболко – ги неутрализира сите бактерии во забите и делува како да сте ги измиле во истиот момент.
Морков – не само што ги зацврстува, туку и предизвикува лачење на плунката која сама во себе содржи материја која ги избелува забите на природен начин.
Портокал – содржи цитрус кој ги обелува вашите заби за краток период доколку го вметнувате во исхраната секој ден.
Брокула – зеленчук кој се лепи за вашите заби и делува на нив како прочистувач. Брокулата иако не содржи калциум или цитрус сепак влијае врз белината на вашите заби.
Млеко – со калциумот не само што ги обелува туку и ги зацврстува забите, но внимавајте не секој продукт со калциум како на пример спанаќот нема моќ да ги избели вашите заби.
Сирење – исто како млекото и сирењето, посебно тврдото сирење до придонесува во избелување на вашите заби.
Вода – звучи чудно но, вистинито, водата е таа што ја одржува устата хидрирана, а насмевката блескава бидејќи веднаш после пиење вино или друг пијалак кој ги обојува забите, доколку се напиете вода тоа обојување ќе биде значително намалено.
Круша – во себе содржи бактерија која лачи плунка, но и ги обелува вашите заби, доколку редовно ја консумирате крушата може да направи чуда во вашата уста.
Кромид – смешно, но вистинито, откако ќе каснете кромид веднаш ги четкате забите, а со постојаното четкање за да ја отстраните миризбата ги избелувате сè повеќе и повеќе.
Бадеми – содржат протеински состојки кои не само што се добри за либидито, мускулите и мозокот, туку и за избелувањето на забите.
Јаготки – добро познато е дека јаготките со својот сок придонесуваат до блескавата насмевка. Затоа посегнете по нив и консумирајте ги секој ден доколку сакате совршено бели заби.
Редовно консумирајте еден од овие продукти по ваш избор или мешавина од сите заедно, две недели и резултатите ќе бидат неверојатни. Без да ги оштетувате вашите заби, тие ќе добијат белина и сјај каков што не сте очекувале!