Храна која ви помага да забремените
Селенот е минерал кој е особено важен за плодноста, поточно жените кои доволно го внесуваат овој минерал остануваат бремени многу побрзо и полесно за разлика од жените кои имаат недостаток на селен во организмот.
Еден од најсигурните начини на кој можете да го внесете овој минерал е преку правилната исхрана.
Сепак, не претерувајте затоа што во големи количини селенот може да ви наштети. Секоја бројка над 200 микрограми селен во текот на денот е ризична.
1. Бразилски орев
Најдобар извор на селен затоа што во само 6 до 7 ореви има речиси 500 микрограми селен.
2. Риба
Туната и сардината се одличен извор на селен, но сепак туната е во предност со 95 микрограми по порција.
3. Свинско, говедско и пилешко месо
Свинското парче месо има 42 микрограми, говедското 33, а пилешкото 31 микрограм селен.
4. Домашно младо сирење
Не само што има 20 микрограма селен, туку и 130mg калциум во само парче од 100g.