Намирници кои можете да ги консумирате дури и ако стоеле со години
Некои вообичаени прехранбени производи кои сите ги имаме дома, можат да траат многу подолго отколку што пишува на пакувањето.
Наместо да ја фрлате храната штом ќе и помине рокот на употреба, погледнете кои производи сепак можете да ги користите малку подолго:
1. Суви тестенини
Дури и ако ги зготвите и изедете на пример после 10 години, тестенините само ќе го изгубат вкусот, но неотвореното пакување од овој производ дефинитивно можете да го консумирате после рокот на употреба.
2. Сув или конзервиран грав
Гравот ќе биде подготвен за готвење дури и ако со години сте го чувале. Единствено на што треба да обрнете внимание е подолго да го готвите, односно варите.
3. Оцет
Високата количина на киселини која ја има оцетот е еден вид на природен конзерванс кој спречува да се развијат бактерии, па затоа овој производ трае неограничено. Кај некои видови на оцет, со тек на време можете да забележите промена на бојата, но тоа ни малку не влијае врз вкусот или квалитетот.
4. Сол
Во суштина овој зачин е камен. Исто како што гранитот не може да се инфицира со бактерии, така ништо не може да се случи и на солта.
5. Екстракт од ванила
Заради високата содржина на алкохол, екстрактот од ванила можете да го чувате неограничено, иако аромата и вкусот се најдобри првите 5 години. Чувајте го подалеку од светло и топлина, но избегнувајте да го чувате во ладилникот, бидејќи ќе се оштети.
6. Конзерви
Доколку ја чувате на ладно и темно место, рокот на употреба на конзервираната храна можете да го продолжите дури 2 пати.