10 трикови за да откриете дали медот е навистина природен

За тоа колку медот е целосно природен и какви состојки има, неопходна е детална и стручна анализа. Но, ако единствено ве интересира дали сте го купиле вистинскиот мед и дека е навистина природен, доволни ви се и некои трикови со кои може да го тестирате.

10-trikovi-za-da-otkriete-dali-medot-e-navistina-priroden-01

1. Прочитајте го составот на теглата

Тоа е првиот чекор кои ќе ви помогне да ги откриете состојките за да го одберете квалитетниот мед кој не содржи адитиви. Произведувачот мора да го назначи составот на медот и неговиот процент во одредена количина.

2. Природниот мед не е леплив

Добар тест ќе направите ако земете малку мед и го протриете меѓу прстите. Вистинскиот мед лесно се впива во кожата. Доколку остане леплив, значи дека содржи шеќер или вештачки засладувачи.

3. Карамелизирање

Неколку лажички мед ставете во сад и загрејте го на висока температура во микробранова. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенлив и полн со меурчиња.

10-trikovi-za-da-otkriete-dali-medot-e-navistina-priroden-1.jpg

4. Хартија

Неколку капки мед ставете на хартија, ако по некое време не ја пробие хартијата значи дека е чист. Во спротивно, оној кој содржи вода во својот состав ќе ја пробие хартијата само по неколку секунди.

5. Трикот на пчелите

Вистинскиот мед кој го произведуваат пчелите, мравките го заобиколуваат. Пробајте го истото и ставете мед во некое ќоше. Ако не го допрат мравките, значи дека е вистински.

6. Вода со мед

Ова е најлесен индикатор за правилниот состав на медот. Чистиот мед се згрутчува во водата и паѓа на дното на чашата, додека лажниот се растопува.

10-trikovi-za-da-otkriete-dali-medot-e-navistina-priroden-3.jpg

7. Пецкање во устата

Пецкање и благо воспаление на јазикот може да предизвика чистиот природен мед, додека лажниот нема никакво влијание на непцата.

8. Мед на леб

Намачкајте едно парче леб со мед. Ако лебот стане тврд, медот е целосно природен, ако само се навлажни неговата површина, значи дека е лажен, поради големиот процент вода во неговиот состав.

9. Жолчка од јајце

Измешајте една жолчка со малку мед. Ако е вистински, кога ќе ги изматите жолчката ќе изгледа како варена.

10. Кристализација

Чистиот мед со тек на време се кристализира, додека вештачкиот и после подолг период го задржува течниот состав во вид на сируп.

10-trikovi-za-da-otkriete-dali-medot-e-navistina-priroden-2.jpg

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg