Ослабете и наполнете се со енергија со помош на овие пијалаци
Кога во текот на денот ќе ви падне енергијата и ќе посакате да ја вратите со помош на некој пијалак, не посегнувајте веднаш по трето кафе или газирани сокови, туку подгответе си здрав пијалак.
Благодарение на овие пијалаци за брзо време ќе ги отстраните и вишокот килограми, без притоа да се чувствувате уморно и без енергија.
Имајте ги на ум овие здрави пијалаци:
Вода со вкусови
Многу е важно да внимавате да не се доведете до дехидрација, дури и кога температурата опаѓа вашето тело губи вода. Пијте доволно вода за вашиот организам да може нормално да функционира, но и да не задржува вишок течност. Ако обичната вода веќе ви станува здодевна, освежете се со вода со вкусови или едноставно пијте обична вода со лимон.
Леден чај од нане
Овој пијалак е освежувачки, но и му помага на желудникот во побрзо варење на храната. Ќе се чувствувате сити и ќе ја изгаснете жедта на здрав начин.
Зелен чај
Освен што го намалува ризикот од рак и срцеви заболувања, зелениот чај содржи и антиоксиданси кои помагаат во разградувањето на салото кое се собира околу стомакот. Ако се напиете од овој чај пред секој оброк, ќе го забрзате метаболизмот и побрзо ќе ги разградите маснотиите.
Банана шејк
Ако сте на диета, тогаш бананите се одличен избор за вас. Помешајте ја бананата со половина чаша сок од портокал и јогурт. Овој пијалак е богат со калиум, ќе ви ја даде потребната енергија, но и ќе го стопи вишокот килограми.