Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трикови за полесно откажување од слатките

Мислите дека не можете да го преживеете денот без малку благо? Грешите, можете, но со помош на овие неколку совети и трикови.

vozdrzete-se-od-prekumernoto-konsumiranje-na-slatko-so-pomos-na-ovie-trikovi-1

Сите почетоци се тешки, но ако успеете првите неколку пати да се воздржите од слаткото, со текот на времето вашето тело нема да има потреба за „шеќерни бомби”.

Послужете се од овие трикови и сигурно ќе успеете:

1. „Јадам едно сочно овошје, а благото кое толку сакав да го изедам, едноставно го фрлам во канта за отпадоци. Одлично функционирам.”

2. „Земам гума за џвакање со вкус на овошје, не со ментол. Тогаш се чувствувам како да јадам десерт.”

3. „Во една чаша вода ставам малку јаболков оцет. Желбата за благо исчезнува.”

4. „Кај мене обично функционира зелениот чај, но ако после испиена една чаша сѐ уште ми се јаде благо, тогаш земам 90% црна чоколада.”

5. „Обично пијам чаша вода или ги мијам забите.”

6. „Во својот појадок додавам цимет и пијам минерална вода. Во текот на денот не ни помислувам на благо.”

7. „Пијам вода со вкус на лимон. Лимонот ја неутрализира мојата желба за благо.”

8. „Едноставно не чувајте благо во кујната. Ако немате ништо слатко, нема да јадете.”

9. „Пресметувам колку стомачни треба да направам ако го изедам тој бесмислен колач.”

10. „Ако можам одам на прошетка или пијам незасладен чај.”

Што правите вие за да се воздржите од слатки?

Би можело да ве интересира:

Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg