3 трикови со кои никогаш нема да бидете гладни
Драстичното губење килограми бара и драстични мерки како што се контролирана диетална исхрана и вежбање.
Но, она што може да го направите со неколку трикови, не е ниту диета ниту некоја магична вежба, која ги топи килограмите и најважно е што ви помагаат за никогаш да не бидете гладни.
1. Кисели краставички
Киселите краставички не мора да бидат само прилог, туку и идеална закуска за убивање на гладот.
Го намалуваат шеќерот во крвта, а со тоа и чувството на глад.
Ако почувствувате неиздржлива желба за храна, а не сакате да се прејадете, изедете неколку кисели краставички и сè ќе биде во ред.
2. Бадеми, ореви и лешници
Хранливи и здрави грицки, кои може слободно да ги консумирате меѓу оброците. Една шака од овие јаткасти плодови може да ве заситат, а во комбинација со сушено овошје како грозје, смокви или сливи, ќе ви ја вратат и енергијата.
3. Минерална вода наместо газирани сокови
Иако газираните сокови исто така го убиваат гладот, сепак се калорични, па нема да ви помогнат ако сте на диета. Затоа, најдобро е сокот да го замените со минерална вода.
Тоа сигурно за момент ќе ве подуе, а со тоа и ќе ве засити. Испијте чаша минерална вода откако ќе каснете и неколку ореви или бадеми, со што дополнително ќе се заситите.